Викторија Лоба и уште 10 славни дами кои ги обожаваат Birkenstock влечките – ретро модел кој се врати во мода (фото)

Препознатливи се по ѓонот од плута и двата кожени ремени, а заради удобноста и потпората што ја пружаат на ногата важат за ортопедско помагало. Зошто странските и домашните познати дами не можат да им одолеат на папучите Birkenstock?

viktorija-loba-i-ushte-9-slavni-dami-koi-gi-obozhavaat-birckinstock-vlechkite-retro-model-koj-se-vrati-vo-moda-foto-1.jpg

За време на летната сезона влечките Birkenstock се прв избор за удобни чевли кај светските топ модели и актерки, но и кај нашите популарни дами.

Станува збор за влечки чија цена се движи од 2.000 денари па нагоре, а се прв избор на дамите кога сакаат да се чувствуваат удобно.

Верувале или не, германската компанија Birkenstock била основана пред речиси 250 години, во 1774-та година.

Најпрепознатлив модел на влечки е оној со анатомски дебел ѓон и два кожени ремени, а со текот на годините брендот експериментирал со бојата, начинот на распоредување на ремените и сл.

Како и да е, она што ги одвојува од сите други видови влечки е нивната едноставност. Анатомскиот ѓон е изработен од плута и пружа одлична потпора за долниот дел од ногата.

Освен тоа, моделот е познат по својата истрајност и издржливост, а заради едноставниот изглед се чини дека никогаш нема да излезат од мода.

Овие влечки станале мошне популарни по завршувањето на Втората светска војна кога на повредените војници им се препорачувало да ги носат како ортопедско помагало.

Досега во повеќе наврати светски познатите дами биле фотографирани со овие влечки, а нив ги носат и нашите домашни ѕвезди како Викторија Лоба.

Погледнете повеќе фотографии во продолжение:

Џиџи Хадид 

od-djidji-hadid-i-kajli-djener-do-viktorija-loba-zoshto-papuchite-birckinstock-se-omileni-kaj-poznatite-dami-foto-02.jpg

Синди Крафорд

od-djidji-hadid-i-kajli-djener-do-viktorija-loba-zoshto-papuchite-birckinstock-se-omileni-kaj-poznatite-dami-foto-03.jpg

Каја Гербер

od-djidji-hadid-i-kajli-djener-do-viktorija-loba-zoshto-papuchite-birckinstock-se-omileni-kaj-poznatite-dami-foto-04.jpg

Кендал Џенер

od-djidji-hadid-i-kajli-djener-do-viktorija-loba-zoshto-papuchite-birckinstock-se-omileni-kaj-poznatite-dami-foto-05.jpg

Камила Кабејо

od-djidji-hadid-i-kajli-djener-do-viktorija-loba-zoshto-papuchite-birckinstock-se-omileni-kaj-poznatite-dami-foto-06.jpg

Рис Витерспун

od-djidji-hadid-i-kajli-djener-do-viktorija-loba-zoshto-papuchite-birckinstock-se-omileni-kaj-poznatite-dami-foto-07.jpg

Елса Хоск

od-djidji-hadid-i-kajli-djener-do-viktorija-loba-zoshto-papuchite-birckinstock-se-omileni-kaj-poznatite-dami-foto-08.jpg

Кејти Холмс

od-djidji-hadid-i-kajli-djener-do-viktorija-loba-zoshto-papuchite-birckinstock-se-omileni-kaj-poznatite-dami-foto-09.jpg

Гвинет Палтроу

od-djidji-hadid-i-kajli-djener-do-viktorija-loba-zoshto-papuchite-birckinstock-se-omileni-kaj-poznatite-dami-foto-10.jpg

Бритни Спирс

viktorija-loba-i-ushte-9-slavni-dami-koi-gi-obozhavaat-birckinstock-vlechkite-retro-model-koj-se-vrati-vo-moda-foto-10.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Омиленото „обично“ модно парче на славните дами (кои тие го носат на кул начин) Како обичната црна ролка изгледа кул кога ја носи Роузи Хантингтон Вајтли или па...
Ледено сина сенка за очи – Моден тренд што ги освои и македонските дами (фото) Сината сенка за очи е вистински тренд оваа есен. Бојата по која беа препознатлив...
Mодели на чевли кои изгледаат одлично на Инстаграм, но не се практични во реалноста Легендарните штикли со црвен ѓон на Louboutin се едни од најпосакуваните и денес...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg