Најнеобичниот рудник во Полска

Длабоко под земјата во Полска се наоѓа нешто значајно, но малку познато ширум светот. Со векови рударите ваделе сол од таму, но исто така зад себе оставиле нешто значајно и единствено.

najneobicniot-rudnik-vo-polska-01

Од надвор гледано, Вјеличка рудникот за сол не изгледа како нешто посебно, но е одлично одржуван бидејќи овде не се работи повеќе од 15 години.

200 метри под земјата ова место крие една навистина необична тајна. Рудникот за сол со текот на времето се претворил во уметничка галерија, катедрала и подземно езеро.

Генерации на рудари не ваделе само сол, туку и зад себе оставале неверојатни траги во облик на статии и митски, историски и религиски скулптури. Тие ја пронашле целата капела каде што се молеле.

najneobicniot-rudnik-vo-polska-02

najneobicniot-rudnik-vo-polska-03

Кога ќе се упатите кон длабочините на овој рудник, на околу 135 метри под земјата ќе здогледате нешто неверојатно. Најголем впечаток ќе ви остави Капелата на Светиот Крал.

Полјаците со векови биле многу верни католици и посетата на ова место не била само туристичка, туку и израз на побожноста.

Неверојатно е што дури и лустерите во катедралите се направени од преработени кристали сол.

Преку милион посетители годишно одат да го посетат овој неверојатен рудник за сол. Заради поголема безбедност само многу мал дел е отворен за посетители, но тоа е ходник долг речиси 4 километри. Тогаш, замислете си колкава површина и знаменитости има останатиот дел од овој мистериозен рудник.

Катастрофалната поплава во 1996 година довела до конечно прекинување на ископот на сол и од тогаш ова место е огромна туристичка атракција.

Тука се наоѓа дури и прекрасно подземно езеро, осветлено со пригушено светло и свеќи. Тоа создава навистина идиличен амбиент за разлика од оној кога ова било само рудник.

najneobicniot-rudnik-vo-polska-04

najneobicniot-rudnik-vo-polska-05

najneobicniot-rudnik-vo-polska-06

najneobicniot-rudnik-vo-polska-07

najneobicniot-rudnik-vo-polska-08

najneobicniot-rudnik-vo-polska-09

najneobicniot-rudnik-vo-polska-10

najneobicniot-rudnik-vo-polska-11

najneobicniot-rudnik-vo-polska-12

najneobicniot-rudnik-vo-polska-13

najneobicniot-rudnik-vo-polska-14

najneobicniot-rudnik-vo-polska-15

najneobicniot-rudnik-vo-polska-16

najneobicniot-rudnik-vo-polska-17

Би можело да ве интересира:

Магично шпанско селце за кое не ви треба мапа - 2 часа ви се доволни за прошетка, се наоѓа на Коста ... Ќе уживате да се „губите“ по неговите улички со калдрма, ќе се чувствувате како ...
8 места во и околу Скопје за излет во природа - Каде за Први мај? Дали и вас Први мај ве асоцира на излет во природа? Ако одговорот е „да“, а прит...
Како во рајот: Најубавиот пристап во море преку скали се наоѓа во Хрватска (фото) Бајковита вила во заливот Чикат на островот Лошињ ги има најубавите скали за вле...
Најмагичното божиќно село се наоѓа во Италија – магија која треба да се доживее (фото) Во ова селце дефинитивно владее божиќна магија, но на италијански начин со посеб...
Плажа во Хрватска е вистински рај – скриена под карпа, со бесконечно синило и бистра вода Нема да ја видите по пат, треба малку да се помачите за да стигнете до неа, но ќ...
8 работи што треба да ги знаете за Плитвички Езера пред да ги посетите, според македонски туристички... „Планирајте цел ден да поминете тука, а ако сте само на поминување, најкратката ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg