Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
Бариста 07-05-2024


Вистината за осамената куќичка во Исланд

На крајниот брег на Исланд  се наоѓа одделен остров на кој има мала осамена куќичка, која личи на куќичката во која се криеше Хари Потер на неговиот 11-ти роденден.

vistinata-za-osamenata-kukjicka-vo-island-01

Во текот на годините, сликите од оваа куќичка биле правени од авиони, бродови и слично. Колку повеќе напредуваше дигиталната ера и се правеа дигитални фотографии, толку повеќе имаше различни приказни, озборување, претпоставки, вистини и лаги за осамената мистериозна куќичка.

Еве некои од претпоставките за куќата кои НЕ се точни:

Не е лоцирана на третиот најголем остров во Исланд.  Не е подарок од владата за нивната позната ѕвезда Бјорк. Не е креирана во фотошоп. Не е на некој таен милионер, ниту на некој религиозен следбеник, ниту е тајна скривница од некоја апокалиса.

Всушност, тоа не е ниту куќа!

Се работи за островот Елидеј, односно едниот од двата острова Елидеј, кои ги има Исланд, именувани со исто име. Едниот е на запад и таму се наоѓа домот на позната пејачка Бјорк, а на другиот остров Елидеј кој се наоѓа на архипелагот Вестмен, на крајот на јужниот брег на Исланд  е оваа осамена градба.

Пред 300 години, Елидеј бил населен од пет фамилии кои живееле во колиби и преживувале со ловење риби, одгледување крави и ловење пуфини.

Но, подоцна оние кои преживувале тука, почнале да се иселуваат на други места во Исланд, каде што откриле поекономични места за одгледување добиток и ловење пуфини. По некое време, сепак, се покажало дека најдобар лов на пуфини се прави токму од ова место во Исланд, па Ловечката асоцијација на Елидеј, во 1953 година одлучила да изгради место, објект каде ќе престојуваат членовите на асоцијацијата во периодот за лов на пуфини,

Тоа е таа градба, која ги измамува фотографите. Во неа нема струја, а уште помалку интернет, но има сауна. Водата за во сауната и за други едноставни потреби како готвење и пиење, доаѓа од дождовната вода во колекторскиот систем. Објектот е заштитен со ограда за да ги заштити пуфините.

Доколку не сте член на Ловечката асоцијација или нивни пријател, не можете да останете да престојувате овде, но овозможени се туристички посети со брод од главниот остров Хеимеј. Исто така, на островите Вестмен се нудат можности за рурален туризам низ островите, спортско качување, историски предавања, дури и курс за голф.

vistinata-za-osamenata-kukjicka-vo-island-2

vistinata-za-osamenata-kukjicka-vo-island-3

vistinata-za-osamenata-kukjicka-vo-island-5

vistinata-za-osamenata-kukjicka-vo-island-4

vistinata-za-osamenata-kukjicka-vo-island-7

Би можело да ве интересира:

10 места низ Европа што можете да ги посетите ова лето 2023 Полуостровот Истра е преубав дел од Хрватска кој вреди да се посети на лето, осо...
Ја посетив Махо, популарна плажа до аеродром на Карибите - Постојано нè надлетуваа авиони, имаше огр... На островот Сент Мартин вистинска атракција е плажата Махо, само поради нејзинат...
Од забави до зори на EXIT до дегустација на 500 различни вида вино – Зошто треба да го посетите Нови... Нови Сад, градот кој истовремено е и мирен и полн со живот, нуди по нешто за сеч...
Ивана од Скопје: „Работев како фотограф на брод, крстарев низ француските Кариби - што ме воодушеви ...  Досега имам посетено многу поморски градови, пристаништа, популарни монден...
Носталгија по детството во викендичката блиску Куманово – месен леб, музика од грамофон и легенди за... Постојат места кои се отвораат како портал и нè враќаат во нашите спомени од дет...
„Го посетив Мехелен - белгиско гратче со калдрмисани улички и прекрасна архитектура на 20 минути од... Мехелен е мало белгиско гратче кое се наоѓа помеѓу популарните и раздвижените гр...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg