5 интересни факти за Исланд кои сигурно не сте ги знаеле

Кога луѓето ќе чујат за Исланд, првото нешто што ми доаѓа на ум е веројатно: многу мраз. Но, Исланд ретко има мраз, за разлика од Гренланд, кој иако е зелен има многу повеќе мраз.

5-interesni-fakti-za-island

Исланд има многу уникатни работи кои може да им ги понуди на светот. Исто така е една од најсреќните држави во светот.

Ова се 5 интересни факти за Исланд.

1. Brennivin

Исланд е познат по неговата љубов кон чудната кујна, а ова не се однесува само на храната.

Како што ние имаме лозова ракија, така Исланд има пијалак кој сите го нарекуваат Brennivin.

Овој алкохолен пијалак е еден вид на ракија, дестилирана од компири, а во подготовката се користат и семки од ким.

Овој пијалок често се консумира заедно со ферментирана ајкула.

5-interesni-fakti-za-island-01

2. Јавна голотија

Во Исланд постојат многу топли извори во кои можете да се избањате. Но, пред да влезете во водата потребно е да се истуширате во јавни туш кабини.

Проблемот е што од вас ќе се бара да се туширате без вашиот костим за капење, а многу од овие јавни тушеви немаат врата. Се разбира, илегално е да шетате голи во јавност. Овде едноставно се работи за хигиена.


3. Самовили

Анкетите во Исланд покажуваат дека поголемиот дел од Исланѓаните веруваат во самовили. Тие обично живеат во карпести предели, имаат магиска моќ и предизвикуваат проблеми ако некој се обидува да го наруши нивниот дом.

Во некои случаи е дури и пријавено дека булдожери се расипуваале кога се обидувале да работат на места каде живеат самовилите.

Исландската поп-ѕвезда, Бјорк, вели дека издавачките куќи преферираат да потпишуваат договори со музичари кои признаваат дека веруваат во самовили.


4. Анти-порнографски закони

Исланд е добро познат како либерална држава кога станува збор за сексуалните проблеми, но нивната влада забрани секаков вид на стриптиз во клубовите.

Неодамна, тие исто така размислуваа да постават забрана за порнографија на интернет. Исланѓаните не го прават тоа од пуританскиот став кон сексот, туку од феминистички причини.

Причината за забраната е борба против објективизацијата на жените.


5. Skyr

Skyr е едно од најпопуларните јадења во Исланд. Skyr е нешто како јогурт, всушност е форма на меко сирење со голема количина на протеини и многу малку маснотии.

За жал, освен ако не живеете во Исланд, најверојатно нема да го вкусите ова јадење. Иако постојат рецепти за него, начинот на подготовката е специфичен.

Се јаде како ужина или како дел од оброк и е еден од најпопуларните производи во Исланд. 

5-interesni-fakti-za-island-02

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Фрушка Гора - бисерот на Војводина кој ќе ве плени со вековните манастири и винската понуда Оние што ги посетиле Нови Сад и фрушкогорскиот регион велат дека гастрономската ...
9 најтопли европски дестинации што може да ги посетите и во зима Кипар, Сплит, Крит... Кои европски дестинации може да ги посетите и во зима, за ...
Што треба да видите во Тунис на вашата прва посета, според позната инфлуенсерка од Србија? Оазата Чебика, колосеумот во Ел Џем и, секако, пустината Сахара се само дел од м...
Манастири во Македонија кои вреди да ги посетите - тука верниците го наоѓаат својот духовен мир Скриени во недопрената природа манастирските комплекси во нашата земја се вечни ...
Предлог зимска дестинација во Македонија: Нижеполе изгледа како снежна бајка Доколку сакате да се релаксирате, да уживате во топол чај со прекрасна глетка ил...
3 кул светски дестинации, за патувачите на кои им е здодеано од „клише“ туристички места Милано? Посетено. Париз, Барселона, Будимпешта… Берлин и Амстердам. Доста е веќе...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg