Секогаш на листите на најубави плажи во Европа: Порто Кацики на Лефкада

Бели карпи, златест песок и кристално чиста тиркизна вода... Токму поради овие карактеристики Порто Кацики е најпознатата плажа на Лефкада.

sekogash-na-listite-na-najubavi-plazi-vo-evropa-porto-katsiki-na-lefkada-kje-ve-magjepsa-01

Таа се наоѓа во југозападниот дел на овој јонски остров и речиси секоја година ја има на листите на најубави плажи во Европа.

Секој турист што барем еднаш ја посетил сигурно си ветил дека ќе се врати таму уште еднаш во животот.

sekogash-na-listite-na-najubavi-plazi-vo-evropa-porto-katsiki-na-lefkada-kje-ve-magjepsa-02

Порто Кацики се наоѓа на 40 километри од главниот град на Лефкада. Иако плажата е најоддалечена од сите поголеми туристички центри на островот, сепак се работи за едно од најпосетените места на јонскиот бисер.

sekogash-na-listite-na-najubavi-plazi-vo-evropa-porto-katsiki-na-lefkada-kje-ve-magjepsa-04

Локацијата на плажата е добро обележана со сообраќајни знаци, а на платото над плажата има огромен паркинг, кој и покрај импресивната величина станува пренатрупан околу 15 часот.

По пристигнувањето ве очекуваат и 80 скалила по кои треба да се симнете до плажата.

sekogash-na-listite-na-najubavi-plazi-vo-evropa-porto-katsiki-na-lefkada-kje-ve-magjepsa-05

Самата плажа наликува на дел од карипскиот регион. Се работи за долг песочен појас затскриен зад полукружна карпа, пред кој се протега малиот залив со неверојатно чиста, азурно сина вода. Згора на тоа, на врвот на скалилата постојат неколку барови, кои ќе ви овозможат комплетно уживање.

sekogash-na-listite-na-najubavi-plazi-vo-evropa-porto-katsiki-na-lefkada-kje-ve-magjepsa-06

Во попладневните часови брановите на плажата може да станат навистина големи, а бидејќи нема чувар на плажата треба да бидете многу внимателни.

sekogash-na-listite-na-najubavi-plazi-vo-evropa-porto-katsiki-na-lefkada-kje-ve-magjepsa-09

Порто Кацики најубаво ќе ја почувствувате ако ја посетите кон крајот на мај или почетокот на јуни кога ќе ги избегнете гужвите, но ако сепак одите во екот на сезоната тогаш фатете го вашето место на Порто Кацики во раните утрински часови.

sekogash-na-listite-na-najubavi-plazi-vo-evropa-porto-katsiki-na-lefkada-kje-ve-magjepsa-08

Нејзината неверојатна убавина ќе ја помните години потоа.

sekogash-na-listite-na-najubavi-plazi-vo-evropa-porto-katsiki-na-lefkada-kje-ve-magjepsa-10

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Тоса де Мар - најживописното место на шпанскиот брег Коста Брава, со поглед од плажа кон тврдина Ако сакате живописни локации ова е една од најубавите на Коста Брава брегот. Поз...
На кое место во Грција (на 300km од Скопје) за 5 евра добивате лежалка, кафе, крофна и вода? „И повеќе од коректна, а плажата е феноменална“.... Коментираат следбениците на ...
Не е Кариби, Халкидики е: Најубавата плажа во Европа за 2025 одзема здив со рајска убавина Глетката од птичја перспектива одзема здив со уникатната формација поделена во д...
На одмор со Софија Јанева во Кавала: „Патувавме 6 часа од Скопје со бебе, цените беа умерени, а вода... „Со нас беа и бабите, што ни олесни многу од секојдневните обврски околу нашето ...
Магично шпанско селце за кое не ви треба мапа - 2 часа ви се доволни за прошетка, се наоѓа на Коста ... Ќе уживате да се „губите“ по неговите улички со калдрма, ќе се чувствувате како ...
Ја посетив старата семејна куќа во с. Зрзе - ми се разбуди носталгија по летата поминати таму со баб... „Ќе отидеш до сретсело да ми наполниш вода од чешмата?“, ме прашува мајка ми. Ѝ ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg