10 необични патувачки дестинации за кои најверојатно не сте слушнале никогаш досега

Сокотра, Јемен

На 250 километри од ’ртот на Африка, во Индискиот океан, се наоѓа архипелаг на острови коишто се под владеење на Јемен. Главниот остров, којшто се вика Сокотра, е откинат од светот уште кога се делеле земјените плочи и затоа на него повеќе од третина од 825 видови на растенија се ендемски видови. 

Овде спаѓаат и дрвото со змејска крв и дрвото краставица. На Сокотра нема многу патишта, но можете да го пропешачите целиот остров спиејќи под шатор, во рок од една недела или можете да користите камила или 4×4 сафари џип.

Во моментов Јемен се смета за ризична дестинација, бидејќи постои голем ризик од киднапирање.

10-neobicni-patuvacki-destinacii (4).jpg

Занскар, Индија

Високо на Тибетанската висорамнина и вгнездено помеѓу Кашмир и Ладак, лежи Занскар, едно од најизолираните и најубави места од индискиот дел од Хималаите. 

До него може да се дојде со дводневно возење на лето или еднонеделно пешачење по замрзнатата река во зима. Занскар е дом на антички будистички манастири, разурнати тврдини и палати, совршено сочувани петроглифи и изобилство на места за прошетка, на коишто ќе имате шанса да го видите реткиот снежен леопард. 

Туризмот сè уште не е раширен во долината, па ќе имате шанса на прошетките да посетите места коишто ретко кој ги посетил, а и големи се шансите да бидете единствениот странец во градот.

10-neobicni-patuvacki-destinacii (7).jpg

Камчатка, Русија

Овој далечен полуостров се наоѓа во екстремниот северо-исток на Русија и е природен музеј на вулканологијата со скоро 300 вулкани, од кои 29 се сè уште активни.

Камчатка е заштитена од УНЕСКО, а помеѓу вулканите се наоѓа и 6 километри долго поле од гејзери, коишто се дел од Кронотски националниот резерват, заедно со голем број на природни топли извори. 

Камчатка е во најголемиот дел дивина и е многу слабо населена, во најголема мера благодарност на тоа што била забранета за пристап од страна на Советската морнарица, сè до 1990 година. 

Оваа ситуација ѝ овозможила на природата да се развива непречено, па така полуостровот е дом на најголемата концентрација на кафеави мечки, како и поларни лисици, рисови и ирваси.

10-neobicni-patuvacki-destinacii (5).jpg

Церо де лос сиете колорес, Аргентина

Веднаш до градот Пурмамарка во северна Аргентина се наоѓа ридот на седумте бои. Тоа е интересна геолошка формација која е дел од Кебрада Хумахуака планинскиод венец. 

Уникатно обоените карпи се резултат на игра на многубројните слоеви на морски седимент и тектонски поместувања во тек на изминатите 400 милиони години, иако локалната легенда вели дека деца ги нацртале линиите на карпите во тек на седум ноќи. 

Боите на карпите се најживописни по изгрејсонце, а најдобар начин да ја истражите околината е пеш или со неколку лами, на коишто ќе го носите багажот.

10-neobicni-patuvacki-destinacii (9).jpg

10-neobicni-patuvacki-destinacii (3).jpg

Листвјанка, Русија

Листвјанка е областа којашто се наоѓа на брегот на Бајкалското Езеро во Сибир. Најголемото езеро во светот е популарно летувалиште за Русите, а оние кои доаѓаат тука можат да пешачат, да уживаат во водените спортови или едноставно да уживаат во пикник. 

Дел од Транс-Сибирската железница поминува околу езерото и можете да се повозите со парна локомотива. Во зимските месеци езерото е замрзнато и Листвјанка тогаш станува зимско прибежиште со прекрасни погледи на Бајкал. 

Покрај стандардните зимски спортови, можете да се занимавате и со рибарење на мраз, трки со санки со кучиња, а секако можете да ги посетите и сауните и да се напиете вотка за да се стоплите.

10-neobicni-patuvacki-destinacii (8).jpg

(О)Милена | Црнобело



Би можело да ве интересира:

10 места низ Европа што можете да ги посетите ова лето 2023 Полуостровот Истра е преубав дел од Хрватска кој вреди да се посети на лето, осо...
Неверојатниот шарм на Дојран – градот кој на лето со „Д фестивал“ се трансформира во најголемиот цен... Дојран, шармантното, мирно гратче на југот на Македонија, кое како да спие преку...
Од забави до зори на EXIT до дегустација на 500 различни вида вино – Зошто треба да го посетите Нови... Нови Сад, градот кој истовремено е и мирен и полн со живот, нуди по нешто за сеч...
Носталгија по детството во викендичката блиску Куманово – месен леб, музика од грамофон и легенди за... Постојат места кои се отвораат како портал и нè враќаат во нашите спомени од дет...
„Го посетив Мехелен - белгиско гратче со калдрмисани улички и прекрасна архитектура на 20 минути од... Мехелен е мало белгиско гратче кое се наоѓа помеѓу популарните и раздвижените гр...
Забрана за пушење на плажа, казни за бучава - Шпанија од летово со нови правила за некултурните тури... При резервација задолжително се остава број на картичка, од каде ќе бидат повлеч...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg