10 необични патувачки дестинации за кои најверојатно не сте слушнале никогаш досега

Доколку сакате необични авантури, оваа година започнете да бирате локации за кои најверојатно не сте слушнале никогаш досега.

10-neobicni-patuvacki-destinacii-01.jpg

Тоа со сигурност ќе го направи целото патувачко искуство повозбудливо и поинтересно од стандардните места кои се наоѓаат скоро на сечија листа за посета.

Прочитајте нешто повеќе за овие 10 необични локации, но бидете внимателни, бидејќи дел од нив во моментов може да бидат ризични за посета.

Меро, Судан

Ако мислевте дека само старите египќани граделе пирамиди во Африка, помислете повторно. Долината на реката Нил продолжува на југ, длабоко во Судан, а старото кралство Нубија е дом на преку 200 пирамиди кои датираат од 800 г.п.н.е.

Иако овие пирамиди се многу поскромни во својата големина за разлика од пирамидите во Гиза, сепак недопрената околина на Меро и можноста да имате полиња со пирамиди само за вас, ќе надомести за големината на пирамидите.

Археолошките ископувања во Меро исто така имаат откриено и римска бронзени артефакти, фини релјефни резби и керамика, а многу од нив се изложени во националниот музеј во Картум. Меро е локација заштитена од УНЕСКО, но најверојатно е една од најретко посетуваните локации на листата.

10-neobicni-patuvacki-destinacii (10).jpg

Нукус, Узбекистан

Овој пустински град, изграден во поранешниот Советски Сојуз, во северо-западен Узбекистан не е типично туристичко место, но таму скриен лежи драгиот камен што го претставува галеријата Савитски.

Исто така, позната и како музеј на забранетата уметност, оваа галерија ја поседува најпознатата колекција на руска авангардна уметност од 20-от век. Тука се вклучени и дела од Соколов, Комаровскиј и од групата Амаравела. Сликите биле собирани од кураторот на Каракалпакстан Народниот Музеј во 1960 години.

Тој успеал да набави голем број на забранети дела од уметниците коишто биле прогонувани во Советскиот Сојуз, често пати многу евтино, па дури и без да плати за нив. Делата ги заштитил и со тек на времето ги изложил во сегашниот музеј.

10-neobicni-patuvacki-destinacii (1).jpg

Машад, Иран

Освен ако не сте муслиман шиит, шансите дека сте слушнале за Машад се многу мали. Машад се наоѓа во северо-источен Иран и е местото каде што е закопан имамот Реза и после Мека и Медина, ова е едно од најважните места за аџилак во муслиманскиот свет.

Џамијата од 9-от век е најголемата џамија во светот и дури и оние коишто не се муслимани се добредојдени да ја посетат и да влезат во неа.

За време на посетата може да ги видат дворот и салите за молитва и да слушнат предавања на англиски за историјата на храмот и значењето на имамот Реза. Љубителите на литературата може да го посетат гробот на иранскиот национален поет Фердовси, којшто се наоѓа во близина.

10-neobicni-patuvacki-destinacii (2).jpg

Какети, Грузија

Можеби не сте слушнале за Какети, но сигурно е дека сте уживале во еден од неговите најпознати изуми, виното. Грузијците прават вино веќе 8.000 години и од неодамна се појави интерес за производство на виното на традиционален начин.

Некои од најпознатите вина од Грузија сега може да се најдат на винските листи на познатите ресторани како што се The Fat Duck, Hibiscus и Nobu.

Некои од местата коишто треба да ги посетите во Какети се: манастирот Икалто, каде што православните свештеници ги чуваат прастарите текстови за производство за вино, утврдените винарски визби коишто се поголеми и од самите цркви коишто ги опслужувале и секако лозјата и винаријата на Лагвинари, најголемиот производител на вино во Грузија.

10-neobicni-patuvacki-destinacii (11).jpg

Канха резерватот за тигри, Индија

Минатата година беше 150-годишнината од раѓањето на Радјард Киплинг, авторот на „Книга за Џунглата“, па пригодно беше и да се вметне овој малку познат национален парк каде што му дошла инспирацијата за да ја напише книгата.

Резерватот за тигри во Мадја Прадеш е сè уште дом на завидна бројка на роднините на Шир Кан (во моментов резерватот има 106 тигри на број), а покрај нив во резерватот има и леопарди, мајмуни и голем број на разновидни птици.

Оние коишто ќе го посетат резерватот и ќе се решат да престојуваат во кампот Киплинг, ќе можат да ја видат и слоницата Тара како се бања во реката додека ѝ се восхитуваат мноштвото фанови на хероината од книгата „Патувањата на мојот слон“ од авторот Марк Шанд.

10-neobicni-patuvacki-destinacii (6).jpg

Уште 5 дестинации на следната страна...



Би можело да ве интересира:

10 места низ Европа што можете да ги посетите ова лето 2023 Полуостровот Истра е преубав дел од Хрватска кој вреди да се посети на лето, осо...
Неверојатниот шарм на Дојран – градот кој на лето со „Д фестивал“ се трансформира во најголемиот цен... Дојран, шармантното, мирно гратче на југот на Македонија, кое како да спие преку...
Од забави до зори на EXIT до дегустација на 500 различни вида вино – Зошто треба да го посетите Нови... Нови Сад, градот кој истовремено е и мирен и полн со живот, нуди по нешто за сеч...
Носталгија по детството во викендичката блиску Куманово – месен леб, музика од грамофон и легенди за... Постојат места кои се отвораат како портал и нè враќаат во нашите спомени од дет...
„Го посетив Мехелен - белгиско гратче со калдрмисани улички и прекрасна архитектура на 20 минути од... Мехелен е мало белгиско гратче кое се наоѓа помеѓу популарните и раздвижените гр...
Забрана за пушење на плажа, казни за бучава - Шпанија од летово со нови правила за некултурните тури... При резервација задолжително се остава број на картичка, од каде ќе бидат повлеч...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg