Фото-приказна: Сокаче на поезијата во Велес

Секој град испишува посебна приказна за себе, а секоја уличка е уште едно ново доживување. Кога неодамна го посетив Велес, градот кој лежи на два рида и околу брегот на реката Вардар, најголем дел од времето го поминав во стариот дел на градот.

foto-prikazna-sokace-na-poezijata-vo-veles-1.jpg

Токму таму, помеѓу тие тесни и стрмни улички, најмногу може да се согледа периодот на македонската преродба, поточно периодот од средина на XIX и почеток на XX век.

Староградската архитектура карактеристична за ова поднебје и калдрмата што ѕирка од секое сокаче, ќе направи да се почувствувате посебно, онака слободно, како што номадите ја искусуваат слободата.

Скриена во лавиринтот од патокази и потсетувачи на минатото се наоѓа куќата на Кочо Рачин, изградена во 19-ти век и денес претставува споменик на културата и музеј посветен за животот и делото на Рацин.

Иако нема дворна површина се наоѓа во Сокаче на поезијата, кое мене лично ми претставува најсимпатичен дел од Велес.

foto prikazna sokace na poezijata vo veles 1

Создадено за љубовни состаноци и моменти на внимание, токму во оваа стрмнина се согледува јадрото на градот и фактот што токму тука, во куќата со камени ѕидови и лесна дрвена конструкција, која била реставрирана во 1962 година, живеел еден од најпознатите македонски поети.

За да се доживее сокачето во полн ек ви препорачувам на глас да си прочитате неколку песни од Рацин, како што сторив јас, и да се препуштите на моментот, како единственото мерило за човековата среќа.

foto prikazna sokace na poezijata vo veles 2

Автор: Евгениј Хоуп | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 рајски плажи на Лефкада кои мора да ги посетите - 50 нијанси сино и совршен поглед Лефкада, малиот грчки остров кој излегува на Јонско Море, за многумина е најубав...
Ја посетив старата семејна куќа во с. Зрзе - ми се разбуди носталгија по летата поминати таму со баб... „Ќе отидеш до сретсело да ми наполниш вода од чешмата?“, ме прашува мајка ми. Ѝ ...
Плажа во Хрватска е вистински рај – скриена под карпа, со бесконечно синило и бистра вода Нема да ја видите по пат, треба малку да се помачите за да стигнете до неа, но ќ...
Магично шпанско селце за кое не ви треба мапа - 2 часа ви се доволни за прошетка, се наоѓа на Коста ... Ќе уживате да се „губите“ по неговите улички со калдрма, ќе се чувствувате како ...
Како во рајот: Најубавиот пристап во море преку скали се наоѓа во Хрватска (фото) Бајковита вила во заливот Чикат на островот Лошињ ги има најубавите скали за вле...
8 места во и околу Скопје за излет во природа - Каде за Први мај? Дали и вас Први мај ве асоцира на излет во природа? Ако одговорот е „да“, а прит...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg