Трикови кои ги знаат само искусните патувачи
Ако сте од оние кои сакаат по неколкупати во годината да посетат различни дестинации, веројатно сте свесни дека за тоа е потребна добра организација, доколку не сакате да потрошите тон пари.

Посебно, во периоди на празници, но и во кој било друг период во годината, треба паметно да ги планирате патувањата.
Од купување авионски карти, до резервирање сместување и пакување – има многу работи кои треба да ги знаете за сè да биде како што треба.
За да бидете искусен патувач, треба да ги применувате следниве трикови:
Резервирајте летови порано и искористете ги пониските цени

Консултирајте се со туристички агенти и собирајте информации, но не мора да резервирате преку нив
Бидете флексибилни со датумите кога резервирате лет и сместување – 1 ден порано или подоцна може да смени многу во цената

Не заборавајте да ја проверите временската прогноза за полесно да испланирате период за патување, како и полесно да се спакувате

Бидете флексибилни и во поглед на аеродромите и градовите – некогаш е поевтино да летате до друг град, па со воз да стигнете до посакуваното место или да смените 2 лета
Инсталирајте апликации за патување и користете ги сите бенефити – од организација до попусти на летови

Пакувајте се паметно

Направете план во случај на одложување на летот

И не заборавајте да „спакувате“ трпение
М. М. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Европски градови што треба да ги посетите во есен 2025 - Идеални се за фоткање и немаат премногу тур...
Иако повеќето луѓе сакаат да посетат градови како Париз, Барселона, Рим, Венециј...
„Во изминатите 3 години имав повеќе од 80 летови – научив 10 трикови кои секој треба да ги знае“
Авионските карти обично се со најповолна цена 4-6 недела пред датумот за летање....
5 дестинации за есенско патување кои ќе ве воодушеват
Есента е едно од најубавите годишни времиња за патување. Туристичките места се п...
10 причини зошто да го посетите Копенхаген со деца – нема да сакате да се вратите
Ќе доживеете нешто што не постои кај нас, ќе шетате по прекрасни големи паркови,...
Бонтон правила што мора да ги почитувате кога патувате во странство
Немојте да се облекувате несоодветно и почитувајте ги светите места на локалците...
Тоса де Мар - најживописното место на шпанскиот брег Коста Брава, со поглед од плажа кон тврдина
Ако сакате живописни локации ова е една од најубавите на Коста Брава брегот. Поз...
