Најромантичните места каде вљубените парови може да ја дочекаат Новата година


Најромантичните места каде вљубените парови може да ја дочекаат Новата година

Ако планирате да патувате за Нова година со партнерот, а уште не можете да се одлучите каде, имаме неколку предлози за места кои важат за најромантични за време на празниците.

najromantichnite-mesta-kade-vljubenite-parovi-mozhe-da-ja-dochekaat-novata-godina-01.jpg

За оние кои имаат време и можности, патувањето за дочек е една од најдобрите опции.

Некои парови сакаат Новата година да ја дочекаат сами, настрана од сета гужва и гласна музика.

Прочитајте кои места важат за такви:

Венеција

Нема ништо поромантично да го дочекате поклопувањето на стрелките возејќи се во гондола низ каналите на Венеција.

najromantichnite-mesta-kade-vljubenite-parovi-mozhe-da-ja-dochekaat-novata-godina-02.jpg

Островот Каталина во Калифорнија

Овој остров е вистински скапоцен камен. Хотелите нудат специјални аранжмани за парови, кои вклучуваат и масажа и пикник со вкусна храна.

najromantichnite-mesta-kade-vljubenite-parovi-mozhe-da-ja-dochekaat-novata-godina-03.jpg

Савана во Џорџија

Савана е еден од најмагичните градови во САД, идеален за оние парови кои сакаат уникатно искуство кое нема да ги чини премногу, без вештачка атмосфера и многу добра храна.

najromantichnite-mesta-kade-vljubenite-parovi-mozhe-da-ja-dochekaat-novata-godina-04.jpg

Долината Напа во Калифорнија

Во многуте винарии се произведува квалитетно локално вино. Паровите кои уживаат во него можат да бидат сигурни дека ќе имаат прекрасна новогодишна ноќ.

najromantichnite-mesta-kade-vljubenite-parovi-mozhe-da-ja-dochekaat-novata-godina-05.jpg

Будимпешта

Будимпешта за Нова година во исто време е и романтична и возбудлива. Паровите може да изберат дали ќе се повлечат во некој хотел или пак, ќе се вклучат во ноќните забави.

najromantichnite-mesta-kade-vljubenite-parovi-mozhe-da-ja-dochekaat-novata-godina-06.jpg

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Благо и патување: 9 десерти кои треба да ги пробате додека шетате низ ... Иако во многу ресторани и слаткарници може да најдете јадења кои се карактеристи...
10 одлични зимски дестинации во Европа кои вреди да се посетат Можеби зимата оваа година кај нас не беше идеална и идилична, но затоа сè уште и...
Будимпешта и нејзините скриени локации Постојат градови во светот на кои одново им се навраќаме. Иако ги имаме посетено...