Оранж, Норвич и уште 18 прекрасни европски градови со малку туристи
Големиот наплив на туристи почнува да станува сè поголем проблем на многу европски дестинации. Па, сигурно сте размислувале да посетите некое помалку познато место.
Градовите во продолжение се исто убави колку Венеција, Париз или Амстердам, но во нив нема да се справувате со огромниот број туристи.
Оранж, Франција
Овој град има многу малку посетители, па без проблем ќе видите сè. Најпознатата атракција е Римскиот театар, кој бил изграден во првиот век од нашата ера.
Истовремено, вреди да го посетите и музејот Оранж, кој е сместен во прекрасна вила од 17-тиот век.
Норвич, Англија
Се вели дека во Норвич има паб за секој ден од годината и црква за секоја недела. Овој град е домот на најневеројатната средновековна архитектура во Англија.
Катедралата во градот датира од 1906-та година, а пабот Адам и Ева се смета за најстариот во државата и датира од 1249-та година.
Орхус, Данска
Вториот најголем град во Данска е засенет од Копенхаген. Но, ова место е одлична алтернатива, благодарение на прекрасните плажи и музејот за уметност.
Антверпен, Белгија
Најпознатата катедрала во овој град е заштитена од УНЕСКО, но Антверпен нуди многу повеќе. Овде можете да го посетите и музејот Red Star Line, кој го открива минатото на градот.
Хаг, Холандија
Можеби Амстердам ги привлекува сите туристи, но вреди да го посетите и Хаг. Овде ќе ја најдете најдобрата холандска архитектура, неверојатна мрежа од канали и прекрасниот музеј Mauritshuis.
Сараево, Босна и Херцеговина
Сараево е град полн со култура и историја. Во срцето на градот се наоѓа Башчаршија, пазар каде што можете да најдете секакви зачини, разни видови кафе како и фасцинантната џамија Гази Хусрев Бег.
Приштина, Косово
Главниот град на Косово ретко се наоѓа на мапите на туристите, но тоа не значи дека треба да го заобиколите. Можеби Приштина беше синоним за војна пред 20 години, но оттогаш, градот е целосно трансформиран.
Малме, Шведска
Во Малме ќе ја најдете една од најубавите галерии за модерна уметност во Европа. Покрај тоа, овде ќе можете да ги пробате најдобрите рецепти од шведската кујна.
Абердин, Шкотска
Доколку сакате да ја избегнете гужвата од главниот град, посетете го Абердин. Неверојатната архитектура е причина што тој е нарекуван „Градот од гранит“.
Берн, Швајцарија
Кога времето е топло, можете да се упатите кон реката и да се разладите. Во уметничкиот музеј, пак, можете да уживате во делата на Пикасо, а можете да се искачете и до врвот на планината Гуртен.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





