Оранж, Норвич и уште 18 прекрасни европски градови со малку туристи
Вроцлав, Полска
Овој град во западна Полска беше европскиот главен град на културата во 2016-та година. Доколку отидете овде, не заборавајте да го прошетате Стариот готски град.
Тбилиси, Грузија
Главниот град на Грузија се наоѓа помеѓу Азија и Европа. Бањите со сулфур се магнет за туристи, а мултиетничката историја на градот го прави навистина уникатен.
Минск, Белорусија
Речиси уништен во Втората светска војна, сегашниот главен град на Белорусија стана плодна почва за советскиот развој. Денес градбите во Минск нудат фасцинантен поглед кон ерата на брутализмот.
Ереван, Ерменија
Главниот град на Ерменија е далеку на истокот од Европа, па туристите често го прескокнуваат. Но со историја од 2.800 години, овде навистина има што да видите.
Клуж-Напока, Романија
Вториот најголем град во Романија е чест избор на оние кои бараат авантура или оние кои сакаат да ја видат Трансилванија. Архитектурата, плоштадите и интересните кафетерии, се само уште некоја причина да останете овде.
Дебрецин, Унгарија
Иако Будимпешта е еден од најубавите европски градови, Дебрецин е одлична опција за оние кои не сакаат гужви. Овде ќе се изгубите низ калдрмите на стариот град, а можете да посетите и некоја од термалните бањи.
Анкара, Турција
Главниот град на Турција нуди многу. Од мавзолејот на Ататурк, па сè до Музејот на војната за независност, овде сигурно ќе најдете нешто што ќе ви се допадне.
Пловдив, Бугарија
Пловдив е всушност најдолго населениот град во Европа. Па, во него вистински ќе ја почувствувате историјата, особено во шарениот Стар град.
Трондхејм, Норвешка
Лоциран на фјордот со исто име, Трондхејм е третиот најголем град во Норвешка. Но, има помалку од 200.000 жители, па е навистина лесен за истражување. Најпознатото нешто е готската катедрала, но шарените пристаништа се можеби најубавиот дел од градот.
Торино, Италија
Проблемот на Италија со туристи е добро познат, но Торино е воглавно недопрен. Овде ќе најдете некои од најпотценетите атракции во Италија, како и музејот со неверојатна колекција од египетски артефакти.
Спирова С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





