Македонците, Грците и 7 други нации откриваат што мразат кај туристите


Македонците, Грците и 7 други нации откриваат што мразат кај туристите

„Не, Македонија не е само Охрид, запомнете го тоа туристи!“ е нашата болка... Но, што ги нервира Германците, Англичаните и Индијците кај туристите?

makedoncite-grcite-i-7-drugi-nacii-otkrivaat-shto-mrazat-kaj-turistite-01.jpg

Земјите кои имаат што да понудат, од природа до архитектура и историја, имаат реки туристи.

Но, покрај одличниот приход од туризмот, постојат и работи поради кои луѓето од овие нации на моменти ги мразат туристите.

И ние сме меѓу нив. Иако немаме премногу туристи, нивниот број расте од година на година, а постои една работа која нас навистина нè нервира.

Италија

Не негираме дека мафијата потекнува од Сицилија, но тоа не значи дека сите Италијанци се мафијаши.

Престанете да ни се обраќате на англиски јазик, не го познаваме добро, си го цениме италијанскиот јазик кој е поетичен и уметнички, па потрудете се да имате основни познавања.

makedoncite-grcite-i-7-drugi-nacii-otkrivaat-shto-mrazat-kaj-turistite-07.jpg

Данска

Туристи, запомнете дека имаме 3 ленти: за пешаци, велосипедисти и автомобили. Престанете да се сликате стоејќи среде пат и тргнете се од велосипедската патека, велосипедот ни е главен начин на транспорт и возиме многу брзо.

makedoncite-grcite-i-7-drugi-nacii-otkrivaat-shto-mrazat-kaj-turistite-10.jpg

Австралија

Престанете да паничите поради инсектите што сте ги гледале во документарни филмови на телевизија и мислите дека ги имаме на сите страни, нашите градови се комплетно безбедни и модерни како Њујорк, Лондон итн.

makedoncite-grcite-i-7-drugi-nacii-otkrivaat-shto-mrazat-kaj-turistite-12.jpg

Германија

Престанете да правите селфи фотки во концентрациони кампови и покрај други споменици на жртвите од режимот, имајте почит.

Без пародии на тема Хитлер и нацистички поздрави, може да добиете и казна.

makedoncite-grcite-i-7-drugi-nacii-otkrivaat-shto-mrazat-kaj-turistite-09.jpg

Велика Британија

Наутро не правете врева во метрото, избегнувајте дури и контакт со очи со нас.

Често стоиме и чекаме во редици и тие имаат најразличен облик, ве молиме придржувајте се до нив.

Не е паметно да ни ја споменувате политичката тема Брегзит.

makedoncite-grcite-i-7-drugi-nacii-otkrivaat-shto-mrazat-kaj-turistite-08.jpg

Нов Зеланд

Нè нервираат гласните разговори на вашиот мајчин јазик, особено што претпоставувате дека никој од локалците не ве разбира. Знаеме многу јазици и имаме многу имигранти, па внимавајте кога нè критикувате и мислите дека не ве разбираме.

makedoncite-grcite-i-7-drugi-nacii-otkrivaat-shto-mrazat-kaj-turistite-05.jpg

Уште 4 земји на следната страна...



Би можело да ве интересира:

20 причини зошто Бразил е земја што не се заборава и е слабост на тури... Ова е автентична земја каде секој агол е инспиративен. Земја на зајдисонца и на ...
Најпопуларните дестинации за 2019-та, според сајтовите за патување Светските сајтови за патување откриваат кои се топ 5 најпопуларни дестинации за ...
Инстаграм разгледници од Нафплио - најубавиот град во Грција Нафплио, иако не е екстремно популарен помеѓу туристите како што се летните грат...