Езерце во Индонезија е хит на Инстаграм (фото)

Едно мало селско езерце во Индонезија, неочекувано станало вистински хит на Instagram.

ezerce-vo-indonezija-vo-koe-se-pravat-najludite-fotki-za-instagram-01.jpg

Ова е благодарение на локалните жители кои го изнајмуваат езерцето за најлудите фотосесии.

Езерцето Умбул Понгок е долго 50 метри, а широко 20. Длабочината е до 2,5 метри, а водата во езерото се влева од неколку извори, со брзина од 800 литри во секунда.

Водата е кристално чиста и има многу риби во сите бои. По цена од само 1 долар, посетителите можат да нурнат во езерото и да си направат фотосесија, со предмети како шатор, мотор, па дури и телевизор.

ezerce-vo-indonezija-vo-koe-se-pravat-najludite-fotki-za-instagram-02.jpg

Посетителите можат да изнајмат подводна камера, или да најмат фотограф што ќе ги фотографира.

„Многу посетители објавуваат нивни фотографии со мотори или велосипеди, а некои дури прават и свадбени фотосесии“, изјавил 25-годишниот менаџер, Мухамед Абдул Раман.

ezerce-vo-indonezija-vo-koe-se-pravat-najludite-fotki-za-instagram-03.jpg

Официјалниот Instagram профил на местото има над 40.00 следбеници.

Интересно е што дури и претседателот на Индонезија е фан на езерцето, па и тој си објавил фотка на Instagram.

Но, Умбул Понгок не изгледало секогаш вака.

ezerce-vo-indonezija-vo-koe-se-pravat-najludite-fotki-za-instagram-04.jpg

Пред само 15 години, езерцето било валкано и загадено, а локалните жители го користеле за капење и перење облека.

Во тој период, невработеноста во селото била честа, а оние кои успевале да најдат работа, работеле на фарми или во локалниот каменолом.

Но во 2006-та година, новоизбраниот поглавар на селото, Јунаеди Мулјоно, забележал дека езерцето има голем потенцијал, најмногу бидејќи во него се влевале дури 40 природни извори. Токму одовде и кристалната вода.

Тој ги убедил селаните да инвестираат во чистење на езерото и негова трансформација во туристичка атракција.

Локалните жители го исчистиле езерото и ставиле риби во него. Исто така изградиле јавни тоалети, киосци и соблекувални, а за одржување се користат пари од државата.

„На почетокот многу селани се двоумеа за инвестицијата, но откако го видоа развојот на езерото, се премислија“, изјавил Мулјоно.

Исчистеното езеро почнало да привлекува туристи, па се елиминирал и проблемот со невработеноста. Во киосците што се изградиле, селаните продаваат храна, облека, сувенири и слично.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 рајски плажи на Лефкада кои мора да ги посетите - 50 нијанси сино и совршен поглед Лефкада, малиот грчки остров кој излегува на Јонско Море, за многумина е најубав...
Плажа во Хрватска е вистински рај – скриена под карпа, со бесконечно синило и бистра вода Нема да ја видите по пат, треба малку да се помачите за да стигнете до неа, но ќ...
Магично шпанско селце за кое не ви треба мапа - 2 часа ви се доволни за прошетка, се наоѓа на Коста ... Ќе уживате да се „губите“ по неговите улички со калдрма, ќе се чувствувате како ...
На одмор со Софија Јанева во Кавала: „Патувавме 6 часа од Скопје со бебе, цените беа умерени, а вода... „Со нас беа и бабите, што ни олесни многу од секојдневните обврски околу нашето ...
Плажа со розов песок на грчкиот остров Крит е како од разгледница (фото) Плажата Елафониси на грчкиот остров Крит е препознатлива по песокот со розова ни...
„Зошто никој нам не ни јави дека во Скопје е вака убаво?“ - Туристка од Србија восхитена кај нас на ... Сончевото Скопје пулсира во еден поинаков ритам, зарем не? Aндријана Драгојевиќ ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg