Со блогерката Софија Јанева на Скопска Црна Гора - во потрага по чист воздух и прекрасна природа

Поради актуелната ситуација со пандемијата, сите поминуваме многу време затворени дома, па затоа топло ви препорачувамe доколку имате можност да излезете на неколку часа во природа, надвор од урбаните места.

so-blogerkata-sofija-janeva-na-skopska-crna-gora-vo-potraga-po-cist-vozduh-i-prekrasna-priroda-01.jpg

Скопска Црна Гора е одлична опција за деновите кога сакате да поминете некој час на чист воздух, а таму ве води блогерката Софија Јанева (@janeva).

Минатиот викенд, спонтано одлучивме да ја посетиме оваа планина и да избегаме од урбаниот метеж.

Снегот и мразот кои нè пречекаа беа неочекувани и тотално изненадување за нас, но сепак си поминавме супер! Малку пешачевме по планинските стази и потоа си направивме мини пикник покрај една мала рекичка.

so-blogerkata-sofija-janeva-na-skopska-crna-gora-vo-potraga-po-cist-vozduh-i-prekrasna-priroda-06.jpg

Скопска Црна Гора е навистина прекрасна и вреди да се посети во овој период затоа што ќе ве пречека со целата своја раскошна убавина – снежни патеки низ густите дрвја, рекички, сонце и чист планински воздух.

Сепак треба да напоменам дека патот до тука е доста тежок, тесен, со свиоци и со многу дупки.

so-blogerkata-sofija-janeva-na-skopska-crna-gora-vo-potraga-po-cist-vozduh-i-prekrasna-priroda-02.jpeg

Неколку совети кои ќе ви се најдат за да бидете добро подготвени:

1. Облечете се топло, со ракавици, капа и шал.

2. Зимски гуми/ланци задолжително.

3. Не заборавајте храна и термос со топло чајче или кафе, доколку сакате да седите подолго.

4. Не оставајте ѓубре на планината!

5. Телефонот слободно може да го оставите дома, бидејќи нема мрежа.

so-blogerkata-sofija-janeva-na-skopska-crna-gora-vo-potraga-po-cist-vozduh-i-prekrasna-priroda-06.jpeg

Уште една одлична дестинација: Есен на планината Китка - совршенство кое секој треба да го доживее (фото)

Е. П. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 места низ Европа што можете да ги посетите ова лето 2023 Полуостровот Истра е преубав дел од Хрватска кој вреди да се посети на лето, осо...
Носталгија по детството во викендичката блиску Куманово – месен леб, музика од грамофон и легенди за... Постојат места кои се отвораат како портал и нè враќаат во нашите спомени од дет...
Викенд предлози: Подзаборавени села во Македонија што треба да ги посетите (раскажуваат историја) Колку и да ја истражуваме нашата земја никогаш не може да се заситиме од волшебн...
Од забави до зори на EXIT до дегустација на 500 различни вида вино – Зошто треба да го посетите Нови... Нови Сад, градот кој истовремено е и мирен и полн со живот, нуди по нешто за сеч...
10 места на грчкиот остров Тасос што вреди да ги посетите Од лагуната Giola со природен карпест базен, до планинското село Panagia, на Тас...
Каде да летувате во Хрватска ако сакате песочни плажи? За Хрватска, првата помисла за плажите најчесто е карпести и камени плажи со кри...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg