Скребатно – каде што царуваат мирот и тишината, без сигнал на телефонот

Првите податоци за Скребатно може да се најдат во пописот на Охридскиот санџак од 1582 година. Таму името е запишано како Скребатина со 18 семејства и 119 жители, од кои шест самци. Во 1953 година селото било најголемо, со 655 жители. Денес се верува дека има само еден активен дом во селото.

Skrebatno-kade-sto-caruvaat-mirot-i-tishinata-01.jpg

Што значи Скребатно? Скреба или бела лоза, е слично на повитот, само со помали димензии. Старите велат дека од скреба се варело чај за смирување на организмот.

Црквата „Св. Богородица“ во Скребатно, по својата градба, архитектура и остатокот од фрески во олтарната апсида, потекнува од 16. век, од времето на монахот Кипријан, зограф од Слепченскиот манастир.

Легендата раскажува дека селаните на почетокот сакале црквата да ја изградат поблиску до селото. Трипати почнувале, но ѕиданото некој навечер го уривал, а алатите на мајсторите ги префрлал повисоко на местото каде што денес се наоѓа црквата.

Тогаш некој се сетил и рекол дека треба да се исполни желбата на Богородица и црквата посветена нејзе да се изгради пред „прекрасните ливади, меѓу столетните дабја, во близина на бистра и студена вода“.

Погледнете го зеленото, магично Скребатно во охридско, каде што царуваат мирот и тишината и каде што ќе одморите од звукот на вашиот телефон:

(O)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Плажа во Хрватска е вистински рај – скриена под карпа, со бесконечно синило и бистра вода Нема да ја видите по пат, треба малку да се помачите за да стигнете до неа, но ќ...
8 рајски плажи на Лефкада кои мора да ги посетите - 50 нијанси сино и совршен поглед Лефкада, малиот грчки остров кој излегува на Јонско Море, за многумина е најубав...
Ја посетив старата семејна куќа во с. Зрзе - ми се разбуди носталгија по летата поминати таму со баб... „Ќе отидеш до сретсело да ми наполниш вода од чешмата?“, ме прашува мајка ми. Ѝ ...
8 места во и околу Скопје за излет во природа - Каде за Први мај? Дали и вас Први мај ве асоцира на излет во природа? Ако одговорот е „да“, а прит...
Сандра Кирков за патувањето во Дубровник, каде студирала: „Каде и да залуташ, ќе завршиш на убаво ме... „Дубровник е еден од ретките градови каде што никогаш не брзам. Ми се шета без п...
4 кампови во Хрватска кои се идеални за семејства – кристално море, игротеки и аквапаркови Камповите во Грција се супер, но овие семејни кампови во Хрватска се на сосема д...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg