Пар од Чешка со трејлер на Матка и во Охрид: „Ме болеше стомак од реката во Треска, Охрид е рајска убавина“

Павел и Власта од Чешка, по 3 месеци подготовки, тргнале на пат со својот дом на тркала... Интересно е што новиот стил на живот го започнуваат токму од Македонија. Какви се нивните впечатоци низ фотографии...

Dvojka-od-cheshka-go-pochna-svojot-nomadski-zivot-vo-Makedonija-Ubavina-ova-e-toa-01.jpg

Павел и Власта од Чешка се пар кој штотуку започна да живее на пат во дом на тркала. Интересно е што токму престојот во Македонија им е почеток на нивното долго патување.

Од Матка до Охридското Езеро, парот ужива во убавините на нашата држава и впечатоците ги споделуваат на нивниот Инстаграм профил @Madeby_life.

Dvojka-od-cheshka-go-pochna-svojot-nomadski-zivot-vo-Makedonija-Ubavina-ova-e-toa-04_copy.jpg

Павел и Власта откриваат дека најсилен впечаток им оставила пештерата Врело на Матка, како и црквата Свети Јован Канео во Охрид.

Тие велат дека уште кога се запознале сонувале заедно да ги напуштат границите на Чешка и да патуваат со нивниот дом на тркала, па така нивната родна земја ја напуштиле на 22-ри јули годинава по тримесечно планирање.

Dvojka-od-cheshka-go-pochna-svojot-nomadski-zivot-vo-Makedonija-Ubavina-ova-e-toa-02.jpg

По посетата на јужноморавскиот крај во нивната родна Чешка, тие одлучиле своето патување надвор од границите да го започнат во нашата земја, а оттука секојдневно објавуваат фотки од нивните авантури.

Тие прво одлучиле да кампуваат на кањонот Матка. Нивниот домот на тркала, кој го нарекуваат Бобик, го паркирале на 5 километри од кањонот, покрај вода и велат дека за тоа не платиле ништо. 

Dvojka-od-cheshka-go-pochna-svojot-nomadski-zivot-vo-Makedonija-Ubavina-ova-e-toa-03.jpg

Павел открива дека чистата вода на реката Треска го примамила и се напил вода од реката, иако мештаните му советувале да не го прави тоа. Потоа цела вечер имал проблеми со стомакот, но следното утро веќе се чувствувал подобро.

За Охрид Павел и Власта кратко напишаа под фотографиите:

„Убавина... Ова е тоа!“

Погледнете повеќе фотографии од нивниот престој во Македонија:

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 рајски плажи на Лефкада кои мора да ги посетите - 50 нијанси сино и совршен поглед Лефкада, малиот грчки остров кој излегува на Јонско Море, за многумина е најубав...
Плажа во Хрватска е вистински рај – скриена под карпа, со бесконечно синило и бистра вода Нема да ја видите по пат, треба малку да се помачите за да стигнете до неа, но ќ...
Бонтон правила што мора да ги почитувате кога патувате во странство Немојте да се облекувате несоодветно и почитувајте ги светите места на локалците...
8 места во и околу Скопје за излет во природа - Каде за Први мај? Дали и вас Први мај ве асоцира на излет во природа? Ако одговорот е „да“, а прит...
„Бев во Минхен, а го посетив и најубавиот замок во Европа - Баварија е како од бајките, летав од Ско... „Со евтин лет од Скопје од околу 2h и автобус од околу 1.5h стигнав до Минхен. А...
9 омилени туристички знаменитости и места кои се вистинско разочарување во реалноста Карловиот мост во Прага делува мистериозно и фасцинантно на фотографиите. Но, во...

Најчитани неделава