Моето дете пелтечи, постојат ли вежби со кои може да му помогнам? - совети од логопед Симона В. Николовска

Пелтечењето, едноставно кажано, е нарушување на говорот со повторување на зборови, слогови или индивидуални звуци. Најчесто се појавува во детската возраст, а кај момчињата проблемот се забележува почесто отколку кај девојчињата.

moeto-dete-pelteci-postojat-li-vezbi-so-koi-moze-da-mu-pomognam-soveti-od-logoped-simona-v-nikolovska-01.jpg

Децата од својата трета година и од предучилишна возраст пелтечат многу често, и тоа е затоа што конечното формирањето на мозочните хемисфери е завршено на околу пет години. Во овој случај, реакциите на возбуда се поизразени отколку процесите на инхибиција.

За време на формирањето на говорот, нервниот систем доживува огромни оптоварувања, како резултат на што може да се појават дефекти во неговата работа, што доведува до пелтечење.

moeto-dete-pelteci-postojat-li-vezbi-so-koi-moze-da-mu-pomognam-soveti-od-logoped-simona-v-nikolovska-05.jpg

Што друго може да доведе до пелтечење:

1. Психолошката клима во семејството игра голема улога. Честопати детето намерно пелтечи со цел да го привлече вниманието на возрасните, бидејќи воопшто не му е дадено.

2. Кога детето е казнето за кое било дело или слично.

3. Кога учењето други јазици започнува на рана возраст, а детето не е подготвено, бидејќи дури и неговиот мајчин јазик тоа сè уште не го совладало целосно.

4. Кога децата имаат какви било патологии кои влијаат на функционирањето на нервниот систем или претрпеле траума и психолошка траума.

5. Генетската предиспозиција, не е докажана, но има претпоставки.

moeto-dete-pelteci-postojat-li-vezbi-so-koi-moze-da-mu-pomognam-soveti-od-logoped-simona-v-nikolovska-03.jpg

Што да сторите кога Вашето дете ќе почне да пелтечи?

1. Не му укажувајте на вашето дете дека пелтечи, не обрнувајте внимание, не го прекинувајте, не барајте да повтори збор!

2. Доколку пелтечењето е присутно повеќе од 6 месеци, при тоа прогресира и говорна состојба се влошува, консултирајте се со невролог, логопед, психолог!⠀

3. Анализирајте ги можните фактори што може да доведуваат до пелтечењето, доколку е можно, да ги елиминирате или да го промените ставот на детето кон овој фактор.

На пример: Второ детенце е родено во семејството, овој фактор природно не може да биде отстранет на кој било начин, но ако поминувате ефективно време со постарото дете, не му наметнувате одговорности и грижа за помалото дете, му пружате доволно љубов и внимание - ќе придонесете за намалување на вознемиреноста и тензијата кај детето.

4. Движење, дозирана физичка активност.

5. Научете го детето да ги почитува границите, но и да се придржувате до воспитните мерки.

6. Минимализирајте го времето минато пред екраните.

7. Респираторна гимнастика дома. Дувајте низ цевки, меурчиња од сапуница, итн.

8. Сензорна сатурација: игри со кинетички песок, пластелин, жита. Игри со вода, додека се капе во бањата или во базенче.

Конечно, доколку состојбата на говорниот статус кај детето не се подобрува и после 6 месеци се уште е присутно пелтечењето, се влошува или повремено се појавува и се губи, побарајте помош од логопед, кој ќе Ве насочи и советува.

Логопедот Симона Василеска Николовска може да ја следите на Инстаграм. Доколку имате прашања и предлози за тема на разговор со логопедот, испратете ги на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..

Прочитајте и: На тема: „Зошто моето дете сè уште не зборува?“ со логопедот Симона В. Николовска

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

фото: depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

Фрази што не треба да му ги кажувате на детето (за да биде среќно кога ќе порасне) Немојте да го нарекувате детето „дебелко“ или „слабичко“ или да користите слични...
Илустрации за родители: Како да се справите со непријатните ситуации со вашите деца? Што да направите кога детето не сака да ги дели играчките или, пак, кога ќе науч...
Писмо до моето дете: „Ти си мојата сјајна ѕвезда во овој темен универзум“ Мое дете... Ти си моето денес, моето утре и сите мои денови, по утрешниот. Ти си...
5 пози што ќе им го олеснат доењето на новите мајки Ако вашето малечко безуспешно се обидува да се „намести“ правилно, не очајувајте...
Како да му помогнете на детето да се навикне да спие само во детската соба? Кога ќе стигнат до одредена возраст, препорачливо е децата да почнат да спијат с...
Синот ми се загуби во зоолошка во Скопје - совети како најлесно да го најдете детето во толпа Детето ви ја пуштило раката и побегнало, а наместо да дојде кај вас додека избез...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg