6 работи што никако не смеете да му ги кажете на тинејџер со нарушување во исхраната

Не го советувајте детето да пробува диети, не го терајте да се мери и не заборавајте дека и момчињата можат да страдаат од нарушувања во исхраната. Во ерата на социјалните мрежи, кога вашето дете е изложено на секаква содржина, вклучувајќи и нереални стандарди за убавина, важно е да знаете нешто повеќе за нарушувањата во исхраната.

6-raboti-shto-nikako-ne-smeete-da-mu-gi-kazhete-na-tinejdzher-so-narushuvanje-vo-ishranata-01.jpg

Нарушувањата во исхраната не се ретка појава, но сè уште се стигматизирани. Неретко, овие нарушувања се јавуваат и кај тинејџерите, па секој родител би требало да е запознаен со нив.

Во ерата на социјалните мрежи, кога тинејџерите се изложени на секакви содржини, вклучувајќи и нереални стандарди за убавина, овие нарушувања можат да станат уште посериозен проблем.

Доколку забележите дека вашето дете воопшто не е задоволно од својот изглед, почнува да држи многу строги диети и слично, важно е да му ја дадете потребната поддршка и, ако има потреба, да се консултирате и со експерт.

6-raboti-shto-nikako-ne-smeete-da-mu-gi-kazhete-na-tinejdzher-so-narushuvanje-vo-ishranata-04.jpg

Фиона Јасин е психотерапевт и експерт за нарушувања во исхраната, која споделува неколку совети за родители поврзани со оваа тема.

За Daily Mail, таа открива кои се работите што не треба да му ги кажувате на вашето дете, ако забележите дека можеби се соочува со нарушување во исхраната:

„Само минуваш низ некоја фаза“

Фиона истакнува дека нарушувањата во исхраната се многу стигматизирани, а поради ова луѓето имаат погрешна перцепција за нив.

„Нарушувањата во исхраната честопати се гледани како фаза која младата личност ќе ја надрасне, наместо како комплексен и опасен проблем.

Постои и многу штетен мит дека со нарушувањата во исхраната, тинејџерите пробуваат да привлечат внимание.

Ова верување може да предизвика срам кај младата личност која страда од вакво нарушување“.

6-raboti-shto-nikako-ne-smeete-da-mu-gi-kazhete-na-tinejdzher-so-narushuvanje-vo-ishranata-05.jpg

„Треба да јадеш повеќе“

Проблемот со нарушување во исхраната не се решава така лесно, па ова е фраза која треба да ја избегнувате по секоја цена.

Овие нарушувања честопати се предизвикани од некаква траума или анксиозност, па мора да се најде нивниот корен.

„Како родител, разбирливо е ако сте фрустрирани доколу вашиот тинејџер не јаде.

Но, присилното терање да јаде може да биде контраинтуитивно, а тинејџерот да го сфати како обвинување“.

„Измери се“

Според Фиона, ова е едно од најлошите нешта што можете да ги кажете.

„Младите луѓе со нарушувања во исхраната честопати се вреднуваат себеси според бројот на вагата. Многупати нарушувањето почнува со мерење“.

6-raboti-shto-nikako-ne-smeete-da-mu-gi-kazhete-na-tinejdzher-so-narushuvanje-vo-ishranata-07.jpg

„Пробај ја оваа диета, ќе ти помогне“

„Немојте никогаш да охрабрувате млада личност со нарушување во исхраната да почнува диети – ова може да ја влоши ситуацијата“ - вели Фиона.

Исто така, немојте да го бомбардирате вашето дете со информации за нискокалорична храна и слично, бидејќи можете само да направите да се чувствува полошо.

„Не можеш да имаш нарушување во исхраната, машко си“

Уште еден опасен мит за нарушувањата во исхраната е дека се јавуваат само кај жени, а не и кај мажи.

Поради ова, многу мажи и момчиња кои страдаат од овој проблем не добиваат ни соодветна дијагноза.

„Важно е родителите да не веруваат во стереотипите за нарушувања во исхраната, да се едуцираат и да ги сфатат сериозно“.

6-raboti-shto-nikako-ne-smeete-da-mu-gi-kazhete-na-tinejdzher-so-narushuvanje-vo-ishranata-06.jpg

„Почести се со парче торта“

Родителите не треба да ја користат храната за наградување или казнување.

„Важно е да разберете дека децата и младите луѓе неретко ги следат навиките за исхрана на нивните родители.

Кога родителот следи строги диети, најверојатно детето ќе помисли дека тоа е нормално и, со текот на времето, можно е да си создаде проблеми со исхраната.

Не зборувајте лошо за изгледот на вашето тело или за храната кога сте во присуство на вашето дете“.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Илустрации за родители: Како да се справите со непријатните ситуации со вашите деца? Што да направите кога детето не сака да ги дели играчките или, пак, кога ќе науч...
5 пози што ќе им го олеснат доењето на новите мајки Ако вашето малечко безуспешно се обидува да се „намести“ правилно, не очајувајте...
Не сака да се дружи со деца, бега од врева - Дали и вие имате високо сензитивно дете? Вашето дете ги покрива ушите и му пречи врева, реагира на сѐ што е ново, ги забе...
„Ти си доволна“ – 30 работи што мајката треба да ѝ ги каже на својата ќерка „Никогаш не оди сама по улица ноќе“, „Твое тело – твои правила“, „Вљуби се силно...
„Сите ми велат: ‘Блазе си ти, какво дете имаш!’  - Знам какво е, и не ми се падна на лото!“ „Често ми велат, блазе си ти какво дете имаш! Знам јас какво дете имам! Единстве...
Писмо до моето дете: „Ти си мојата сјајна ѕвезда во овој темен универзум“ Мое дете... Ти си моето денес, моето утре и сите мои денови, по утрешниот. Ти си...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg