Водич за родители: Корисни совети за воспитување деца на различна возраст

На која било возраст, избегнувајте ги строгите и нереалистични казни бидејќи обично создаваат гнев и фрустрација. Наместо тоа, покажете му на детето дека секоја лоша постапка има свои последици.

korisni-soveti-za-vospituvanje-deca-na-razlichna-vozrast-01.jpg

Да се биде родител не е воопшто лесно. Родителите се одговорни нивното дете да стане добра и воспитана личност.

А, со оваа доаѓаат безброј предизвици.

Неколку совети што ќе ви помогнат во воспитувањето на децата на различна возраст:

Една до две години

На ова возраст дечињата почнуваат да го истражуваат светот околу нив, а вие треба да им го дозволите и овозможите тоа.

Секако, важно е да го надгледувате вашето малечко додека истражува за да не се повреди.

Работи што треба да ги избегнувате:

- Казнување – на оваа возраст децата не разбираат што е тоа казна и можете само да предизвикате страв.

- Врескање по нив – уште еден погрешен пристап со кој само ќе предизвикате страв кај детето.

- Долги објаснувања – ако детето направи нешто погрешно, немојте надолго да му објаснувате зошто тоа е грешка бидејќи нема да ве разбере.

Работи што треба да ги правите:

- Тргнете го детето од опасноста – речете му да не прави нешто, да не допира нешто и слично.

- Пренасочете му го вниманието кон нешто друго.

- Не го оставајте детето само кога ќе направи грешка за да не се чувствува незаштитено или лошо, но и за да не ја повтори грешката.

korisni-soveti-za-vospituvanje-deca-na-razlichna-vozrast-02.jpg

Две до три години

Ова е период кога дечињата сакаат да ја стекнат својата независност. Поради ова, таканаречените тантруми можат да бидат честа појава.

Работи што треба да ги избегнувате:

- Забранување

- Целосно игнорирање на детето

- Удирање или какво било насилство

Работи што треба да ги правите:

- Останете смирени - тантрумите се нормална појава и пробајте да покажете емпатија наместо фрустрација.

- Тргнете го детето настрана доколку плаче, вика и слично.

- Пробајте да го смирите детето. Прегрнете го, прашајте го зошто плаче… Можеби е исплашено, под стрес или гладно.

- Смирено објаснете му зошто не е во ред да се однесува така.

korisni-soveti-za-vospituvanje-deca-na-razlichna-vozrast-03.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Што треба детето да знае пред да тргне во училиште (а не се букви и броеви)? Дете кое ги знае сите букви, но не умее да почека одмор за да јаде, да каже дека...
Мајка од Србија со моќна порака: „Среќно дете не е тивко и мирно дете – 7 работи кои е нормално да г... 1.Зборува само со себе додека си игра. 2. Се однесува будалесто и пее измислени ...
„Дознав дека девојка ми има 7 деца, а не едно како што ми кажа“: Мрачни тајни кои луѓе ги кријат од ... „Една година бевме во врска. Ме запозна со неговите пријатели, со сестра му. Но,...
„Се откажав од старателството над син ми – го гледам само 6 дена месечно и сум подобра мајка“ „Никој не вели ништо ако таткото минува само шест дена месечно со неговото дете....
Емотивни исповеди: „Мајка ми и татко ми останаа во брак заради мене – животот ми беше пекол“ „Моите родители останаа во брак заради нас, децата. Сега имаат 80 години, уште с...
Како да реагирате кога вашето мало дете ќе ве удри во бес? Често се случува по втората година децата во бес кога нема да добијат нешто да г...

Најчитани неделава