Водич за родители: Кога, како и зошто е важно да зборувате за секс со вашите тинејџери?

Зборувањето за секс може да биде непријатно, но вистината е дека најверојатно детето веќе било изложено на некакви информации поврзани со тоа (многу често и дезинформации), и тоа благодарение на социјалните мрежи или врсниците. Затоа, вклучувањето на родителите во ваков разговор е од клучно значење за да се создаде здрава и точна слика за сексуалните односи.

vodich-za-roditeli-koga-kako-i-zoshto-e-vazhno-da-zboruvate-na-tema-seks-so-vashite-tinejdzeri-01.jpg

Зборувањето на тема секс со децата е од особена важност, а едукацијата треба да започне уште во тинејџерските години. Децата кои имаат отворени и искрени родители на оваа тема, имаат поголема веројатност да донесат побезбедни одлуки подоцна во животот.

Зборувањето на тема секс може да биде непријатно, но вистината е дека најверојатно детето веќе било изложено на некакви информации поврзани со тоа (многу често и дезинформации), и тоа благодарение на социјалните мрежи или врсницитe. Затоа, вклучувањето на родителите во ваков разговор е од клучно значење за да се создаде здрава и точна слика за сексуалните односи.

Отвореното зборување ќе му помогне на детето да разбере што е безбедно за него, па понатаму да прави одговорни избори кога станува збор за избор на сексуален партнер.

vodich-za-roditeli-koga-kako-i-zoshto-e-vazhno-da-zboruvate-na-tema-seks-so-vashite-tinejdzeri-02.jpg

Кога да почнете да разговарате за сексот со вашите деца?

Не постои „вистинска“ возраст кога да почнете да разговарате за сексот со вашите деца. Но, разговорот треба да почне барем во тинејџерските години. Како ќе му пристапите на детето зависи од возраста и нивото на зрелост.

Ова не вклучува разговор само за физичките аспекти на сексот, туку вклучува и анатомија, сексуална активност, интимност, контрацепција… Родителите треба да им дадат на децата информации за сексуално преносливите болести, ризиците од несакана бременост…

Зборувањето на оваа тема може да предизвика многу емоции, како што се страв или вознемиреност кај децата. Нормално е и децата, но и родителите да реагираат на овој начин, но емоциите не треба да ве предомислат во вашите намери.

Тинејџерите кои добиваат здраво и соодветно сексуално образование од родителите, имаат поголема веројатност да го одложат сексот за во позрели години и да користат заштита кога го прават тоа.

vodich-za-roditeli-koga-kako-i-zoshto-e-vazhno-da-zboruvate-na-tema-seks-so-vashite-tinejdzeri-03.jpg

Како да почнете да разговарате на тема секс со вашите деца?

Не постои правилен начин за да го започнете разговорот со вашето дете на тема секс.

Обидете се да имате опуштен глас, а настојувајте и на чести и кратки разговори, при што детето ќе се чувствува поудобно да ви пријде секогаш кога ќе има некое прашање.

vodich-za-roditeli-koga-kako-i-zoshto-e-vazhno-da-zboruvate-na-tema-seks-so-vashite-tinejdzeri-04.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Како да реагирате кога вашето мало дете ќе ве удри во бес? Често се случува по втората година децата во бес кога нема да добијат нешто да г...
Што треба детето да знае пред да тргне во училиште (а не се букви и броеви)? Дете кое ги знае сите букви, но не умее да почека одмор за да јаде, да каже дека...
Мајка од Србија со моќна порака: „Среќно дете не е тивко и мирно дете – 7 работи кои е нормално да г... 1.Зборува само со себе додека си игра. 2. Се однесува будалесто и пее измислени ...
Емотивни исповеди: „Мајка ми и татко ми останаа во брак заради мене – животот ми беше пекол“ „Моите родители останаа во брак заради нас, децата. Сега имаат 80 години, уште с...
Дали родителите треба да се прегрнуваат и бакнуваат пред своите деца? „Кога мама и тато ќе се прегрнат, детето не гледа „романтика“, туку сигурност и ...
„Дали моето дете е подготвено за 1-во одделение?“ – одговор на прашањето што ги мачи сите родители Во период на уписи за прво одделение, многу родители се прашуваат дали детето е ...

Најчитани неделава