5 емотивни рани од детството кои остануваат во нас и кога ќе пораснеме

Страв од напуштање, понижување... Некои рани од детството не се лекуваат лесно, дури ни кога ќе пораснеме...

image_2024_01_26T09_29_22_902Z.fw.jpg

Секој од нас во детството доживеал некоја непријатност на која се сеќава и кога ќе порасне, а која му оставила длабока трага. И тоа е природно.

Но, ако ситуациите кои ве повредувале се случувале често, тогаш тие сигурно оставиле и емотивни рани.

А, токму овие емотивни рани нè дефинираат кога ќе станеме возрасни, може да влијаат на начинот на кој ги воспитуваме децата или на тоа како се справуваме во тешките времиња.

Овие емотивни рани и болни искуства од детството ни помагаат да ја изградиме нашата личност.

Кои се петте најчести емотивни рани кои си ги носиме во нас и кога ќе пораснеме?

Страв од напуштање

Осаменоста е најлошиот непријател на оние кои биле напуштени во детството. Тие често први ги напуштаат партнерите, уште на почетокот на врската, од страв да не бидат повторно оставени.

Тие се водат од идејата „Ќе заминам пред ти да ме оставиш“.

Овие луѓе се плашат од осаменост, од отфрлање...

Раните кои се предизвикани од напуштање не се лекуваат лесно.

Сами ќе станете свесни за ова кога раните ќе почнат да зараснуваат, кога ќе исчезне стравот од осаменост, а вие ќе бидете позитивни и полни со надеж.

Страв од отфрлање

Овој страв може да е предизвикан од длабоките рани што сме ги доживеале уште како мали. Може да е поврзан со некој родител, брат или сестра, со пријателите...

Па, кога ќе почне да се појавува ставот од отфрлање, ни се јавуваат и негативни мисли, чувство на непожелност, почнуваме да се потценуваме себеси.

Чувствуваме дека не заслужуваме ничија наклонетост, чувствуваме празнина и се затвораме во себе.

Не му дозволувајте на овој страв да ве обземе, да ви создава паника. Ставете се себеси на прво место, не дозволувајте да ве вознемирува тоа што некои луѓе се оддалечуваат од вас.

Запомнете: тие требале да заминат од вашиот живот, а вам ќе ви биде подобро без нив.

5-emotivni-rani-od-detstvoto-koi-ostanuvaat-vo-nas-i-koga-kje-porasneme-02.jpg

Понижување

Оваа рана се појавува во различни моменти, но најчесто кога чувствуваме дека други не го одобруваат она што го правиме, кога нè критикуваат.

Овој проблем е толку голем, што понекогаш може да го пренесеме дури и на нашите деца.

Ги навредуваме, ги нарекуваме со погрдни имиња, им ја уништуваме самодовербата, исто како што ни правеле и на нас.

Поради овој страв, многумина создаваат оклоп околу себе, стануваат себични, егоистични, злобни - а сето тоа е одбранбен механизам за да се заштитат од други, идни понижувања.

Страв да им верувате на другите

Овие чувства се јавуваат кога детето се чувствува измамено, особено ако еден од неговите родители не го испочитувал даденото ветување.

По ова, многу деца почнуваат да веруваат дека не го заслужуваат она што им е ветено или она што го имаат другите.

Поради овие проблеми во детството, тие се претвораат во луѓе кои се сомневаат во сè и сите, но и во луѓе кои секогаш ќе сакаат да имаат сè за себе.

А бидејќи не верувате никому, кога ќе пораснете, ќе сакате и да ги контролирате сите, да знаете каде се, што прават, со кого се, да ги „задушувате“ со своето однесување.

Недостиг на љубов

Кога луѓето кои се грижат за вас се ладни и авторитативни, кога не ви ја даваат потребната љубов, прави да се чувствувате празно, безвредно.

Па, како растете, или и вие ќе станете луѓе неспособни да дадат љубов (на партнерот, децата, на миленичето), или луѓе кои ќе им даваат толку многу љубов на сите околу себе, што ќе почнат да ги задушуваат со своите емоции.

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Тешко е да живеете во брак кај што сте повеќе мајка отколку сопруга На жената ѝ треба алфа мажјак. Не ѝ треба маж кого ќе го влече наоколу како дете...
Луѓе постари од 40 години откриваат: „Зошто не зажалив што немам деца?“ „Со партнерот ја имаме целата слобода што ја сакаме. Можеме да патуваме кога сак...
Бон-тон правила што секој родител треба да му ги каже на своето дете Научете ги децата дека не е во ред да прекинуваат некој додека разговара. Од поч...
Мајка од Кина го пронашла киднапираниот син по 32 години - Бил продаден на пар без деца за 760 евра Ли Џингзи од Кина поминала повеќе од три децении во потрага по својот син, Мао Ј...
„Таа е херој затоа што ми е мајка“ - 20 причини зошто мајките се незаменливи Зaтоа што ги чува сите мои тајни и можам да ѝ се доверам за сѐ. Затоа што знам д...
Типови на луѓе на кои наидувам додека шетам со бебе низ Скопје Да се шета со количка за бебе низ улиците на Скопје е вистински предизвик - од т...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg