Што е екранизам кај децата и кои се првите симптоми?

Децата коишто страдаат од екранизам потешко го учат мајчиниот јазик, тешко се вклопуваат во средината и одбиваат да си играат со врсниците. Какво е ова нарушување кај децата и што како родители да направиме за да им помогнеме?

shto-e-ekranizam-kaj-decata-i-koi-se-prvite-simptomi-01.jpg

Во последните неколку години сè почесто се слуша поимот екранизам, кој е последица на модерниот начин на живеење, а ги погодува најчесто најмладите, односно децата.

Во трката по обезбедување основна материјална егизстенција, родителите сѐ почесто се фокусирани на работите што носат финансии, а мобилните телефони и таблетите се главна преокупација на нивните деца.

Тие често знаат да се пофалат како нивното дете на 2-годишна возраст знае без проблем да ракува со овие уреди, без да бидат свесни дека тоа може да предизвика други последици во неговиот развој.

shto-e-ekranizam-kaj-decata-i-koi-se-prvite-simptomi-02.jpg

Се верува дека долгото време поминато пред екран може да предизвика прекумерна стимулација на нервниот систем на детето, што потоа влијае врз неговото однесување, расположение и поведение.

Психолошкиот термин што се користи за да се означи ваквото комплексно нарушување кај децата е екранизам кај нас, а на англиски Electronic Screen Syndrome (ESS).

shto-e-ekranizam-kaj-decata-i-koi-se-prvite-simptomi-03.jpg

Првиот аларм дека нешто не е во ред со вашето дете е моментот кога тоа ќе почне да одбива да престане да го користи мобилниот телефон или другите видови технологија.

Исто така кај нив може да се забележи постојана отсутност, слаба концентрација на одредени активности и постојано префрлање од една активност на друга.

Како последица на претераната изложеност на екраните, децата што страдаат од ова нарушување често имаат проблеми со совладување на мајчиниот јазик

Исто така, тешко воспоставуваат однос и со другите околу себе, се држат настрана и не ја развиваат играта во согласност со нивната возраст.

Детето има променливо расположение, често има тантруми, има слаба (или не поседува никаква) самоконтрола, се забележуваат проблеми со спиењето, како и знаци на депресија.

shto-e-ekranizam-kaj-decata-i-koi-se-prvite-simptomi-08.jpg

Што треба да се направи?

Според докторката Викторија Данкли која прва го воведе терминот Electronic Screen Syndrome (ESS), првото нешто што треба да се направи е на детето да му се забрани да го поминува времето пред екран најмалку 4 недели.

Ова подразбира исклучување на сите екрани во домот (таблети, мобилни телефони, конзоли, електронски читачи, телевизори итн.).

Наместо тоа, се препорачува семејството почесто да игра друштвени игри или да го поминува повеќе времето надвор во спортски активности.

shto-e-ekranizam-kaj-decata-i-koi-se-prvite-simptomi-08_copy.jpg

Освен тоа, со оглед на тоа што се работи за комплексно невролошко нарушување, се препорачува во овој период детето задолжително да посети стручно лице кое ќе му помогне да се справи со чувството на агресија и да стане пофокусирано, посамоуверено и посреќно.

Според неа, по овие 4 недели нервниот систем на детето ќе почне да се смирува, повеќе да одмара, да спие подобро и неговото однесување во целост ќе се промени.

shto-e-ekranizam-kaj-decata-i-koi-se-prvite-simptomi-05.jpg

Како да се превенира појавата од екранизам?

Со оглед на тоа што на овој синдром не се имуни ниту возрасните, неопходно е како родители повеќе да внимавате и на сопственото однесување.

Децата до 3 години воопшто не треба да поминуваат време пред екраните, туку да го учат светот од она што ги опкружува.

Од 3 години до предучилишна возраст децата смеат да бидат пред екрани околу 30 минути и тоа со надзор од родител или друга личност што со нив ќе комуницира за содржината што ја гледаат.

shto-e-ekranizam-kaj-decata-i-koi-se-prvite-simptomi-06.jpg

За време на училишните години се препорачува времето што детето го поминува пред екран да изнесува максимум еден час, а родителот постојано треба да има увид што прави детето.

Според босанскиот психотерапевт Анкица Баковиќ, децата кои повеќе од еден час дневно поминуваат пред екрани, од перцепција на создавање на оптимални услови за здрав развој на менталното здравје на децата, се запуштени деца.

Според неа, родителите што довеле до ваква состојба кај децата треба да бидат вклучени во психотерапијата за да се научат како да бидат подобри родители што нема да ги запуштаат сопствените деца.

shto-e-ekranizam-kaj-decata-i-koi-se-prvite-simptomi-07.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Што треба детето да знае пред да тргне во училиште (а не се букви и броеви)? Дете кое ги знае сите букви, но не умее да почека одмор за да јаде, да каже дека...
Емотивни исповеди: „Мајка ми и татко ми останаа во брак заради мене – животот ми беше пекол“ „Моите родители останаа во брак заради нас, децата. Сега имаат 80 години, уште с...
„Дознав дека девојка ми има 7 деца, а не едно како што ми кажа“: Мрачни тајни кои луѓе ги кријат од ... „Една година бевме во врска. Ме запозна со неговите пријатели, со сестра му. Но,...
„Се откажав од старателството над син ми – го гледам само 6 дена месечно и сум подобра мајка“ „Никој не вели ништо ако таткото минува само шест дена месечно со неговото дете....
„Престанав да го терам син ми (3) да дели играчки со другите деца – што научив од ова?“ „Додека син ми плачеше откако го натерав да ја даде својата играчка на друго дет...
„Готвев, чистев и одев на работа, a маж ми само си уживаше – побарав развод по 23 години ’среќен‘ бр... „Кога се присетувам на динамиката во нашата врска низ годините, се запрепастувам...

Најчитани неделава