Разгалено е, не извршува обврски: 3 знаци дека правите грешка во воспитувањето на детето

Ако детето постојано се однесува разгалено, можеби сте премногу заштитнички настроени кон него.

razgaleno-e-ne-izvrshuva-obvrski-3-znaci-deka-pravite-greshka-vo-vospituvanjeto-na-deteto-01.jpg

Не постои совршен родител и секако дека ќе правите и грешки во воспитувањето на вашите деца.

Она што е важно е да можете да ги воочите овие грешки, со цел навреме да ги исправите. А, грешките најлесно ќе ги забележите ако го набљудувате однесувањето на детето.

Три знаци дека веројатно првите грешка во воспитувањето:

Детето е разгалено

Ако вашето дете се однесува многу разгалено, можеби сте премногу заштитнички настроени кон него.

Нормално е да сакате да го заштите вашето дете. Но, ако му го правите животот прелесен и го штитите од буквално сè, дури и од ситници со кои мора да се соочи, не му правите добро.

Децата се однесуваат разгалено кога родителите ги преземаат сите ризици и сите нивни обврски. Со ова, му ја одземаат можноста да научи нешто.

razgaleno-e-ne-izvrshuva-obvrski-3-znaci-deka-pravite-greshka-vo-vospituvanjeto-na-deteto-02.jpg

Детето не сака да си ги извршува обврските

Во овој случај, можно е премногу да му попуштате на детето и да не поставувате соодветни граници.

Секој родител се нашол во ситуација кога детето не сакало да напише домашна, не сакало да се избања, да се облече, да јаде…

Но, ако ова се случува постојано и ако секогаш се соочувате со отпор кога му велите на детето да направи нешто, можеби грешката е во вас. Веројатно брзо му попуштате на детето, па тоа сфатило дека ако покажува отпор, вие ќе ја завршите обврска место него.

Важно е да го натерате детето да си ги завршува своите обврски, но и да не го наградувате секојпат кога ќе направи нешто што треба. На овој начин ќе се научи на одговорност и ќе сфати дека некои работи мора да се направат и без награда.

Детето покажува знаци на анксиозност

Ако детето покажува знаци на анксиозност, можеби не му давате доволно слобода и независност.

Кај децата, анксиозноста се јавува кога пробуваат да воспостават контрола над некоја ситуација која не можат да ја контролираат.

Бидејќи детето делува беспомошно, родителот може да истапи, па со тоа да му ја земе независноста и слободата да делува и да размислува само.

Важно е да му давате слобода и независност на детето соодветно на неговата возраст. На овој начин ќе научи како да се справува со проблеми без да се чувствува исплашено ако нема помош.

Секако, ако анксиозноста е многу изразена, тогаш треба да се консултирате и со експерт кој ќе утврди дали има подлабок проблем што треба да се реши.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Што треба детето да знае пред да тргне во училиште (а не се букви и броеви)? Дете кое ги знае сите букви, но не умее да почека одмор за да јаде, да каже дека...
6 лекции на кои секоја мајка треба да ја научи својата ќерка (и не се за мажи) Твојот ум е твојот најсилен адут. Физичкиот изглед привлекува луѓе, но менталнат...
Емотивни исповеди: „Мајка ми и татко ми останаа во брак заради мене – животот ми беше пекол“ „Моите родители останаа во брак заради нас, децата. Сега имаат 80 години, уште с...
„10 причини зошто животот ми е многу поубав без деца“ – Жена предизвика онлајн дебата „Како што моите пријателки почнаа да стапуваат во брак и да добиваат деца, стану...
„Готвев, чистев и одев на работа, a маж ми само си уживаше – побарав развод по 23 години ’среќен‘ бр... „Кога се присетувам на динамиката во нашата врска низ годините, се запрепастувам...
„Лежев болна деновиве, маж ми ги презеде сите обврски со децата - сфатив колку добро сум избрала“ „Овие денови бев болна. Потполно нефункционална - не паметам кога последен пат м...

Најчитани неделава