Само 5 чекори ве делат од совршени фотографии на вашето бебе

Сигурно би било прекрасно доколку ангажирате фотограф кој ќе направи совршени фотографии на вашето новороденче. Но, тоа често одзема време и може да ве чини доста пари.

samo-5cekori-ve-delat-od-sovrseni-fotografii-na-vaseto-bebe-01

Затоа, следете ги овие 5 чекори и со сигурност ќе успеете да направите професионални фотографии на вашето новороденче.

1. На прво место е осветлувањето - Доколку овој чекор го направите како што треба, со сигурност фотографијата ќе биде успешна. Фотографирајте го вашето дете во добро осветлена соба и гледајте да има што е можно повеќе природна светлина.

2. Радости и насмевки - „Зграпчете” го оној момент кога вашето дете е наспано, најадено, најрадосно и насмевнато, така ќе ги уловите сите среќни моменти.

3. Не заборавајте на позадината - Факт е дека позадината е онаа која го дава посакуваниот ефект. Затоа погрижете се да има шарени тапети доколку го фотографирате во соба или пак создадете своја импровизација во просторот. Црпете инспирација од креативните мајки кои создаваат цели фото-серијали со своите најмили.

4. Експериментирајте - Тоа е најважно. Фотографирајте од повеќе агли и перспективи за да видите која е најдобра позиција за совршена фотографија. И никогаш, ама баш никогаш нема да добиете иста фотографија, благодарение на нескротливиот детски дух.

5. Модерно бебе - Дотерувајте го/ja секогаш пред да сакате да фотографирате и не заборавајте на аксесоари од типот очила за деца, капчиња или интересни марами кои ќе дадат дополнителен шарм на фотографијата.

Би можело да ве интересира:

„Дали моето дете е подготвено за 1-во одделение?“ – одговор на прашањето што ги мачи сите родители Во период на уписи за прво одделение, многу родители се прашуваат дали детето е ...
Како да реагирате кога вашето мало дете ќе ве удри во бес? Често се случува по втората година децата во бес кога нема да добијат нешто да г...
Мајка од Србија со моќна порака: „Среќно дете не е тивко и мирно дете – 7 работи кои е нормално да г... 1.Зборува само со себе додека си игра. 2. Се однесува будалесто и пее измислени ...
Што да правите ако вашето дете е насилник и малтретира други деца? Иако е тешко да признаете дека вашето дете е насилник, не заборавајте дека ова н...
Вистинските мажи не плачат! Како родител на дете кое спортува бев сведок на спортски настан на кој едно момч...
„Имам 3 деца и едно ми е омилено, како на секоја мајка – тие што негираат, лажат“ „Едно од најголемите табуа кај родителите ее да признаат дека имаат омилено дете...

Најчитани неделава