Лекции од татко на две момчиња: Како да ги научите да бидат џентлмени од мали нозе

Кирк Чуг е претприемач кој ја основал компанијата Haberdasher Custom Clothing која специјализира во произведување и креирање на машка облека во која тие најдобро изгледаат при формалните и професионалните околности.

tatko-koj-svoite-momcinja-gi-uci-da-bidat-dzentlmeni-01.jpg

Тој исто така е и татко на 4 деца.

Според професионалната определба тој доста добро е запознаен со зборот џентлмен и секако неговото потесно значење затоа што, меѓу другото самиот поим укажува и на одредени стандарди на облекување.

Кога неговиот 5-годишен син го запрашал: „Тато што значи тоа џентлмен?“, започнал подлабоко да размислува за тоа кои се вредностите и карактеристиките кои го опишуваат идеалниот џентлмен.

Така се решил да го започне проектот „Џентлмен“ кој оригинално бил оформен со цел лично тој да минува повеќе време со сопствените синови. Сакал да ги научи на карактеристиките и вредностите за кои тој и неговата жена Карин се надевале дека ќе ги поседуваат во иднина.

А тогаш, токму неговиот син го поттикнал идејата да ја рашири и надвор од нивното семејство.

Заедно со извршниот директор на rustico.com Исак Чајлд започнале да произведуваат илјадници кожни дневници кои ја започнуваат легендата „Работи кои ги научив од мојот татко“.

Подоцна оформил интернет страна чија цел била да овозможи „можности и едукативна поддршка за родителите и децата кои се во потрага по подлабоки врски со креирање на автентични и важни навики“.

Поголемата мисија на самата компанија е „да ги зацврсти семејните и општествените односи преку учење на уметноста – Како да се биде џентлмен“.

tatko-koj-svoite-momcinja-gi-uci-da-bidat-dzentlmeni-1.jpg

Господинот Чуг ги наведува овие 4 главни карактеристики на секој џентлмен:

1. Гледајте надвор од себе

Кога се губиме себеси во служба на другите наоѓаме побогат живот за себе си. Тоа подразбира да се фокусираме на тоа да бидеме тука за другите околу нас, да им помагаме и да им нудиме поддршка.

Добра навика и карактеристика е да бидеме добри пријатели.


2. Благодарност

„Кога е последниот пат кога сте добиле Ти Благодарам порака?“ – објаснува Чуг и продолжува „Кога е последниот пат кога некој ви дошол и ви се заблагодарил за помошта која сте му ја дале?“ Ова навика не е изумрена, но е многу поретка.

Потребно е секогаш да бидеме благодарни на работите околу нас и кон луѓето околу нас, без разлика на тоа како постапуваат со нас.

Покажувањето благодарност е акт на грациозност, а не понизност.


3. Страст

„Страст за твојата работа, страст за твоето семејство, страст за твоето општество и твоите хобија“ или накратко страст за се во твојот живот.

Кога личноста живее во страст животот добива поинаква димензија и има смисла.

Оној живот кој има смисла е полн со: лична одговорност, доверба во личните способности за подобрување на светот и самодоверба.


4. Комуникација

„Мојот најголем страв за моите деца е дека еден ден ќе сфатат дека комуницирање со другите е разговарање преку телефон, пошта или било какви други интернет апликации, а не разговор очи во очи“ – објаснува, Чуг.

Употребата на технологијата нема да си замине, но потребно е да се научи балансирање меѓу реалниот живот и виртуелниот.

Телефонот никогаш не треба да биде на маса додека се вечера или разговара.

„Мое лично мислење е дека ова не се специфични карактеристики за џентлмените. На овие лекции ги учам и моите ќерки“ – заклучува Чуг.

Всушност најважната работа е да се научи добро однесување и децата да се воспитуваат да бидат доблесни.

Би можело да ве интересира:

6 лекции на кои секоја мајка треба да ја научи својата ќерка (и не се за мажи) Твојот ум е твојот најсилен адут. Физичкиот изглед привлекува луѓе, но менталнат...
„10 причини зошто животот ми е многу поубав без деца“ – Жена предизвика онлајн дебата „Како што моите пријателки почнаа да стапуваат во брак и да добиваат деца, стану...
„Готвев, чистев и одев на работа, a маж ми само си уживаше – побарав развод по 23 години ’среќен‘ бр... „Кога се присетувам на динамиката во нашата врска низ годините, се запрепастувам...
Емотивни исповеди: „Мајка ми и татко ми останаа во брак заради мене – животот ми беше пекол“ „Моите родители останаа во брак заради нас, децата. Сега имаат 80 години, уште с...
Би сакала еден ден мојот син за мене да каже: „Викаше многу, не готвеше сјајно, но го сакаше животот... „Мајка ми се трудеше секој ден да знам дека сум сакан, без разлика што (не)права...
„Престанав да го терам син ми (3) да дели играчки со другите деца – што научив од ова?“ „Додека син ми плачеше откако го натерав да ја даде својата играчка на друго дет...

Најчитани неделава