Како татковците ги учат децата за добрите врски?

Децата учат од татковците како еден маж треба да се однесува кон жената и какво однесување треба жената да очекува од својот маж. Кога таткото им дава лош пример на своите деца најчесто доаѓа до емоционална злоупотреба во нивните врски кога ќе пораснат, а во потешки случаи и до физичко насилство.

kako-tatkovcite-gi-ucat-decata-za-dobrite-vrski-02.jpg

Затоа е неопходно татковците да им дадат добар пример за врските на своите деца, а тоа ќе го постигнат преку следниве чекори.

- Мора да ја ценат нивната мајка. Децата го впиваат односот помеѓу нивните родители, а својата вредност ја осознаваат преку начинот на кој родителите ги почитуваат децата, и секако преку начинот на кој што родителите се ценат меѓу себе.

- Татковците треба да покажат дека можат да ги гледаат работите и од туѓа перспектива. Мора да ја покажат важноста на почитувањето на туѓото мислење, дури и кога не се сложуваат со тоа.

- Децата учат од родителите како активно да соработуваат во решавањето на проблемите и да помагаат во извршувањето на разни задачи.

- Татковците можат да им дадат добар пример на децата ако им покажат како да ги решаваат проблемите почитувајќи ги сопствените и потребите на другите.

kako-tatkovcite-gi-ucat-decata-za-dobrite-vrski-01.jpg

- Кога кај татковците има мотив да се направат работите подобри, децата тоа веднаш ќе го прифатат и ќе ги прифаќаат предизвиците во врските и воопшто во животот со намера да ги подобруваат работите, а не за да се одмаздуваат да ги усложнуваат.

- Сочувствувањето со мајката е неопходно. Кога децата ќе видат дека таткото сочувствува со болката или вознемиреноста на нивната мајка, така што сака да помогне и да ја заштити, но не и да ја контролира, ќе сфатат дека мајката има своја личност со свој карактер, темперамент, чувства, мислење и вредности кои се заштитени од него.

- Добриот став кон другите луѓе ќе се преслика кај децата и ќе немаат проблем да засноваат здрави врски кога ќе пораснат.

- Покажувањето на приврзаност кон мајката ќе ги направи децата да се чувствуваат заштитени и многу посигурни.

Татковците и мајките им даваат одличен пример на своите деца кога прават добри работи еден за друг, односно кога секојдневно се грижат за себе.

Автор: М.К. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Практикував ’нежно родителство‘, но воспитав несигурни деца кои не ме слушаат и почитуваат“ „Со години практикував нежно родителство… или барем така мислев. Ја валидирав се...
6 лекции на кои секоја мајка треба да ја научи својата ќерка (и не се за мажи) Твојот ум е твојот најсилен адут. Физичкиот изглед привлекува луѓе, но менталнат...
5 знаци дека имате токсичен однос со свекрвата (и како да го поправите) Постојано слушате суптилни замерки, а и честопати се споредува со вас со цел да ...
5 мажи кои може да добијат награда за сопруг на годината (а останатите да им завидуваат) „Мојот сопруг е студен како сибирски мраз, ми недостасува тоа што не покажува не...
„Готвев, чистев и одев на работа, a маж ми само си уживаше – побарав развод по 23 години ’среќен‘ бр... „Кога се присетувам на динамиката во нашата врска низ годините, се запрепастувам...
„Патување без деца? Да! Бевме со сопругот во Рим и ни беше како втор меден месец“ „Рим, само ние двајца. Чекавме 4 години. Четири години за да побегнеме од улогат...

Најчитани неделава