Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Исповед на една мајка: Зошто моите деца не гледаат телевизија?

Колку време вашите деца поминуваат пред телевизорот? Мајката Мелиса Вилетс своите три ќерки ги забавува на сосема поинаков начин, а одлучила своите искуства да ги сподели јавно.

ispoved-na-edna-majka-zoshto-moite-deca-ne-gledaat-televizija-001.jpg

„Знаете колку пати досега ми се случило да ми споменат некој скеч од некој анимиран филм, а јас само климам со главата иако не знам за што точно станува збор? Моите деца не гледаат цртани. Всушност, воопшто не гледаат телевизија.

Тоа не е затоа што немаме телевизор, ниту затоа што сме старомодни и сакаме да живееме во 18-от век. Веројатно ќе помислите дека јас сум таа која им забранила на своите деца да гледаат телевизија или дека на тој начин ги казнувам, но не е така.

Не. Всушност никогаш досега не сум ги употребувала телевизорот или мобилниот телефон како уреди со кои ќе ги забавувам моите деца. Моите ќерки немаат чувство дека пропуштаат нешто.

Кога беа бебиња нормално дека го вклучував телевизорот, пуштав Ноди и така се обидував да ги заспијам и нормално и сега понекогаш знам да пуштам Мики Маус додека јас подготвувам ручек.

Но, тоа никогаш не го правам во вечерните часови. Тогаш обично си играат ветеринари со своите плишани мечиња или прават авиони од хартија кои подоцна летаат за Нов Зеланд. Секогаш за Нов Зеланд...

Понекогаш уживаме во некој семеен филм.

И моите ќерки го гледаа „Frozen“ исто толку пати колку и вашите. Меѓутоа, не можам да се сетам кога последен пат сме гледале цел филм до крај. Ништо не може да им го задржи вниманието, ако знаат дека имаат „обврски“ – ако нешто треба да се гради или бои. Можеби ги чека некое болно мече...

Не е дека не им дозволувам да гледаат телевизија, но така се научени и бргу се заситуваат дури и од една Барби серија и пред да им кажам дека времето за гледање телевизија поминало.

Мое непишано правило е дека доволно е час и половина во текот на денот за гледање на телевизија.

Морам да нагласам дека и јас се придржувам до ова правило. Телевизорот не го вклучувам преку ден, а јас и сопругот само час и половина се релаксираме пред него и тоа кога ќерките се заспани.

Американската академија на педијатари неодамна соопшти дека децата, ако сакаат, можат да поминат и повеќе од два часа пред телевизорот, но јас верувам дека истиот не носи ништо добро. Барем не толку многу, колку што можат да научат од игрите, бегањето, решавањето на проблеми и глумата на разни улоги.“

Би можело да ве интересира:

Што да направите ако детето ви се изгуби на плажа? Советувајте го да стои во место, а не да ве бара низ плажата и осигурете се дека...
Знаци дека вашата ќерка наскоро ќе ја добие првата менструација (и како да постапите) Во минатото не се зборуваше многу за менструацијата, па многу од девојчињата беа...
Грешки со кои родителите несвесно им создаваат траума на децата Немојте да мислите дека децата ви должат нешто бидејќи сте ги родиле и се грижит...
„Тагувам затоа што нема да бидам баба - моите ќерки одлучија дека никогаш нема да имаат деца“ „Со нетрпение очекуваш дека еден ден ќе бидеш баба на внучиња и потоа дознаваш д...
Знаев дека да се биде мајка е тешко, но не знаев дека тоа е најтешката работа на светот Знаев дека ќе бидам уморна. Но не сфаќав колку ќе биде истоштувачко. Знаев дека ...
„Имам три деца и признавам – најмалото ми е омилено“ „Знам, неприфатливо е да кажам дека имам омилено дете. Но, иако подеднакво ги са...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg