Ако посакувате да станете мајка, почнете да се привикнувате на неколку ситуации

Велат дека родителството е најубавиот период во животот на една жена. Колку слатки, толку и незгодни моменти знае да донесе тој период. Ќе има моменти кога ќе посакате да си излезите од сопствената кожа, за веќе наредниот момент да сте пресреќни што имате такво ангелче покрај вас.

ako-posakuvate-dete-pochnete-da-se-priviknuvate-na-nekolku-situacii-01

Еве неколку секојдневни ситуации со кои мајките се соочуваат. И тука не се само децата во прашање, туку и незгодниот Марфи...

- Еден мрзлив ден во пижами сега ви се чини како научна фантастика. А толку тежнеете за еден таков ден поминат во кревет гледајќи телевизија, грицкајќи чипс…

- Ако сакате порцелански и други кршливи украси во домот, како родител мора да се навикнете на тоа дека повеќе ништо нема да изгледа убаво и – цело.

- Новиот фрижидер со сјаен финиш секогаш ќе биде полн со мрсни отисоци од детските прстиња.

- Вашите моменти на опуштање буквално ќе се претворат во моменти во кои како бегалец ќе украдете секунда – до две само за себе. Тогаш може кратко да седите во автомобил, да ги затворите очите и да уживате во мир и тишина или ќе телефонирате без некој да ви поставува милион невозможни прашања.

- Нема веќе предомислување. Само обидете се на детето да му објасните зошто денеска не можете да одите во зоолошка или на базен.

- Омилениот десерт или јадење никогаш нема да го изедете сами, затоа што ќе го делите со неизбежното „мамо, и јас сакам да пробам…“. Поради тоа понекогаш скришно навечер без грижа на совест ќе изедете цело чоколадо. Само внимавајте новата навика да не се одрази на вашата линија.

- Откажете се од совршено налакираните нокти – бидејќи само што ќе ги налакирате, вашето дете ќе има проблем со нешто кој мора вие да го решите со помош на вашите прсти.

М. К. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Правила за воспитување на децата што може да ги научиме од Данците Не постои правило ниту дефиниција по која би можеле родителите да го воспитуваат...
„Сите ми велат: ‘Блазе си ти, какво дете имаш!’  - Знам какво е, и не ми се падна на лото!“ „Често ми велат, блазе си ти какво дете имаш! Знам јас какво дете имам! Единстве...
Зошто љубовта на бабите и дедовците кон внуците е поинаква од онаа кон децата? Да се биде баба или дедо ти овозможува да бидеш родител каков што требаше да бид...
5 пози што ќе им го олеснат доењето на новите мајки Ако вашето малечко безуспешно се обидува да се „намести“ правилно, не очајувајте...
Кој може, а кој не може да биде кум и како се раскинува старо кумство? Кумот треба да биде верник и самиот да биде крстен, да ги почитува моралните вре...
Важни работи на кои треба да ги научите децата, пред да биде премногу доцна Учењето на децата за вредноста на парите и важноста на штедењето ја поставува ос...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg