Децата се второто име на љубовта

Поради вас љубовта за нас е недопирлива. Како ѕвезда која паѓа. Како самиот живот. Поради вас ние сме подобри луѓе. Раните помалку болат.

decata-se-vtoroto-ime-na-ljubovta-01.jpg

Сакам кога се смеете со вашиот ѕвонлив глас. Кога ме гушкате и бакнувате со нежните рачиња. Кога викате на целиот глас: „Те сакаме“.

Се топам од милина секојпат кога вашите очиња ќе светнат, а устата ќе го направи оној најсладок облик како буквата „О“ за секое искрено и спонтано воодушевување.

Уживам во вашите прашања и заклучоци. Вашето истражување на светот.

Кога ќе ме прашате „Зошто месечината е толку голема или кој е побрз авионот или возот?“. И кога не чекате одговор, туку ја пуштате фантазијата да работи.

Вие сте мои деца. Мене сте ме одбрале за ваша мајка. Никогаш нема а ви бидам доволно благодарна за тоа.

Правите да се чувствувам посебно, сакано, мојот живот има смисла. Мал број на зборови можат да опишат колку ве сакам.

Често ме боли помислата дека што и да правам, не можам доволно да ви покажам дека ве сакам. Дека пребрзо растете. Дека драгоцените моменти ни изминуваат незабележано.

Уште сега жалам за секој момент кој не сум успеала да го почувствувам до сржта на моето битие. Секој момент кој сум дозволила пребрзо да ми помине. Кога сте паднале, а јас не сум ве утешила, бакнала да помине.

Кога сум викала или сум била отсутна, нервозна поради нередот или вашата непослушност.

Што сум очекувала премногу, а сум давала премалку.

Горда сум што растете во добри и чувствителни луѓе, што имате прекрасен карактер, што уште сега сте свои и недопирливи.

Горда сум што вашиот татко го гледате како лика и прилика. Што личите на него.

Тоа што еден ден вашите мали нежни рачиња ќе пораснат во раце на силни мажи.

Посакувам со тие раце несебично да ги гушкате своите сакани, нежноста да не ја криете. Да ги почитувате. Да се трудите. Да станете после секој пад. Да научите да кажувате извини и благодарам, бидејќи така сме ве учеле.

Да бидете светло на нашите животи.

Да не научите дека љубовта е недопирлива како ѕвезда која паѓа и е постара од самиот живот.

Поради вас сме подобри луѓе, длабоко и силно поврзани со предците и наследството, грижата и воспитувањето.

Затоа што вие сте второто име на љубовта.

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Правила за воспитување на децата што може да ги научиме од Данците Не постои правило ниту дефиниција по која би можеле родителите да го воспитуваат...
Паметни на мама, а не на тато: Зошто децата интелигенцијата ја наследуваат од мајките? Науката дала одговор на прашањето „Од кого децата ја наследуваат интелигенцијата...
„Сопругот ми рече дека не правам ништо, 2 дена не чистев - погледнете како ми изгледа домот“ (видео) „Најлошо е што ти ќе треба сѐ сама да исчистиш на крај“ – велат во коментари жен...
6 лекции на кои секој татко треба да го научи својот син Клучна лекција: Закрепни од сè лошо што можеби животот ќе ти го приреди пред да ...
Шест лекции што секој татко треба да му ги пренесе на својот син Образувај се, отфрлај ги токсичните мисли, справи се со своите несигурности и на...
„Мојот живот пред децата vs. по децата и зошто не би го менувала за ништо на светот?“ Пред децата, мојата романтична љубов кон партнерот мислев дека е најдлабоката љу...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg