Како вашето дете може полесно да научи математика?

Едно истражување направено од Универзитетот во Сиднеј открива дека учениците кои за време на решавањето на математичките задачи ги употребувале своите прсти за да го следат текот на задачата, биле поуспешни во нејзиното решавање.

kako-vasheto-dete-moze-polesno-da-nauci-matematika-01.jpg

Научниците веруваат дека ова техника помалку го употребува помнењето на ученикот и му ја зголемува способноста да се служи со комплексни податоци.

„Нашите резултати имаат еднакви импликации како за наставниците, така и за учениците. Покажуваат дека учењето на математика може да биде поуспешно, ако се користи прст со кој се следи текот на математичкиот проблем“ - вели Пол Гинс, авторот на истражувањето.

Истражувањето кое било објавено во списанието „Applied Cognitive Psychology“ било направено на 275 деца од 9 до 13 години.

Научниците откриле дека следењето на математичките елементи и симболи со прст додека се читаат, ја зголемува способноста на децата полесно да ги сфатат геометриските и алгебарските задачи.

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Бев хеликоптер родител кој сака да контролира сè – им ги пренесов стравот и анксиозноста на децата“ „Ми требаа многу години да се ослободам од мојот невротичен начин на воспитување...
„Мажи, жена ви не е уморна затоа што е слаба, туку затоа што не сопира и е на раб од исцрпеност“ Ако видиш мајка што е на работ на изнемоштеност, еве како навистина да ѝ помогне...
„Дознав дека девојка ми има 7 деца, а не едно како што ми кажа“: Мрачни тајни кои луѓе ги кријат од ... „Една година бевме во врска. Ме запозна со неговите пријатели, со сестра му. Но,...
Акушерка од Србија: „Правила за посета на новороденче – не седете предолго на гости, измијте раце, н... „Тажно е што уште треба да се потсетуваме на вакви основни работи“, „Ова се прав...
8 смешни, но реални семејни ситуации во кои ќе се пронајдат сите (низ илустрации) Маж кој оди во маркет без список па заборава што требал да купи, или жена која ш...
Вистинските мажи не плачат! Како родител на дете кое спортува бев сведок на спортски настан на кој едно момч...

Најчитани неделава