Приказната на мајката која откри непристојно фотошопирани фотки од 4-годишната ќерка

Рокси Јаченко едно утро се разбудила со гадење, откако својата 4-годишна ќерка ја видела на непристојно фотошопирани фотографии кои кружеле по социјалните мрежи.

prikaznata-na-majkata-koja-otkri-nepristojno-fotosopirani-fotki-od-4-godisnata-kerka-01.jpg

„Почнав да се тресам на работното биро. Почнав да плачам, а тоа не ми се случува често. Да го видиш своето 4-годишно дете во таква ситуација, е болно. Да имаш идеја така сексуално да го претставиш детето, треба сериозно нешто да не ти е во ред со главата,“ раскажува лутата мајка.

Рокси е успешна бизнис жена со сопствена PR компанија, која е упорна и вели дека ќе помине преку сè за да го најде човекот кој и го загрозил детството на нејзината ќерка. Сега за сега има тројца осомничени кои ги пријавила.

prikaznata-na-majkata-koja-otkri-nepristojno-fotosopirani-fotki-od-4-godisnata-kerka-02.jpg

Мајката се брани од нападите дека самата таа го загрозила детството на својата ќерка, со тоа што објавува приватни фотки на Инстаграм. Рокси вели дека сите слики се детски и соодветни, па зошто тоа би било некаков проблем или „провокација“.

prikaznata-na-majkata-koja-otkri-nepristojno-fotosopirani-fotki-od-4-godisnata-kerka-05.jpg

Пикси има сопствена кариера како модел и Инстаграм профил со над 100.000 следбеници, а по овој инцидент приватноста на профилот е строго ограничена.

prikaznata-na-majkata-koja-otkri-nepristojno-fotosopirani-fotki-od-4-godisnata-kerka-03.jpg

Според странските извори кои ги забележале фотките по социјалните мрежи, на една од нив Пикси стои веднаш до проститутка во Амстердам, додека на другата чита книга со корица на која двајца мажи имаат секс.

„Болно е и во моите очи ова е чиста педофилија,“ заклучува мајката.

prikaznata-na-majkata-koja-otkri-nepristojno-fotosopirani-fotki-od-4-godisnata-kerka-06.jpg

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„10 причини зошто животот ми е многу поубав без деца“ – Жена предизвика онлајн дебата „Како што моите пријателки почнаа да стапуваат во брак и да добиваат деца, стану...
Дали родителите треба да се прегрнуваат и бакнуваат пред своите деца? „Кога мама и тато ќе се прегрнат, детето не гледа „романтика“, туку сигурност и ...
Ивана е стоматолог од Србија – за 4 години роди 3 деца: „Животот не е Инстаграм, сопругот не ме разб... „Социјалните мрежи лажат! Ова е реалниот живот на мајка и татко на 3 деца под 3 ...
Душан Благојевиќ: „Во бракот биди ти оној што останува - не затоа што е лесно, туку затоа што си вет... „Бракот е светост во која двајца несовршени влегуваат со вера дека ќе растат зае...
Колку се сменија бабите и дедовците во последниве 30 години (низ забавни илустрации)? Некои современи баби и дедовци честопати водат толку активен и исполнет живот, ш...
6 лекции на кои секоја мајка треба да ја научи својата ќерка (и не се за мажи) Твојот ум е твојот најсилен адут. Физичкиот изглед привлекува луѓе, но менталнат...

Најчитани неделава