Фејсбук статус на една мајка: Ги паметиме оригиналните старки или емоциите од детството?

Со својот статус на Фејсбук, кој за многу краток период стана вирална сензација, една мајка од Србија нè потсетува што децата ќе запаметат од своето детство.

shto-decata-pamtat-originalnite-starki-ili-cuvstvata-od-detstvo-1.jpg

„Родителите на своите бебиња им купуваат оригинални старки. Тоа е во ред, иако децата воопшто не се свесни за тоа. Дури и не ги ни употребуваат. Сè уште не чекорат со нив. Патиките чинат можеби 2.500 денари. Ќе траат месец или два.

Своите први старки ги облеков кога бев 3-та година средно, на 17 години. Беа тегет и прво беа нечии, а потоа станаа мои. Долго време не ги носев, не знам зошто.

Станав мајка и природно сакам сè најдобро за моето бебе.

Но, што е најдобро? Дали оригинал патики се најдобрата работа?

Не.

Дали количките во висина на брадата со безброј додатоци се најдобри?!

Верувам дека не се.

Брендирана облека? Играчки со вртоглави цени?

Се сомневам.

Не сум сигурна дека моите деца поради набројаното ќе се чувствуваат подобро и дека повеќе ќе се смеат.

Родителите претеруваат, разбирам. Лесно е да се падне во замката.

Се сеќавам на топлиот леб кој го купувавме во околната пекара кога се враќавме од станицата каде ја чекавме мама од работа.

Се сеќавам на куклата Вида - така ја викав. Беше обична кукла со залепена коса која не можеш да ја чешлаш.

Се сеќавам на калта и како ја мешам во мали садови.

Се сеќавам на цртањето во блок со A4 формат.

Го паметам мирисот на бабините колачи и приказните на дедо од времето на војната.

Се сеќавам на татковото пијанство и дента кога престана. Се сеќавам дека и така беше најдобриот татко на светот. Се сеќавам како, тој поднапиен, а јас малечка, заедно го местевме креветот.

Се сеќавам на улиците и игрите на улиците.

Се сеќавам на бањањето на кучето на дедо, кое од шампонот го изгуби мирисот.

Се сеќавам на татковата загриженост поради тромбозата на мама. Ги паметам мамините солзи и насмевка.

Се сеќавам кога на 6 години барав лебот од продавница да ми го пресечат на половина и како купував павлака и млеко. Лебот го носев во парче хартија.

Се сеќавам на куќата и дворот на дедо. Како на лето не освежуваше со вода од црево. Како врескавме и се смеевме - „Мене дедо, менееее!!!“

Ја паметам реката и раната која ја добив таму. Се сеќавам на јогуртот и паштетата на леб која ни ја мачкаше мама. Како јадеме со модри усни, мокри... Прстите ни беа насобрани.

Се сеќавам на нивната прва расправија. Кога тато го болеше чирот. Се сеќавам на неговите нервози заради тоа. Се сеќавам кога мајсторот во време на инфлација ни кажа: „грејачот ви е расипан“, а грејачот прескап - пари никаде.

Се сеќавам на емоциите.

Не се сеќавам што имав на нозете. Не се сеќавам во каква количка ме носеле. Не знам дали била нова или позајмена. Ниту на бојата не се сеќавам.

Не се сеќавам на квалитетот на облеката, ниту дали била скапа.

По некоја слика... чувство... слика... чувство, чувство, чувство и по некоја слика и чувство...

Љубов. Преку допир и зборови.“

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Те уморува борбата со детето за кои чевли да ги носи, диплењето облека и чистењето на дом, кој е пак... Никој не зборува за тешките делови од родителството. Сите изгледаат како да се с...
6 лекции на кои секоја мајка треба да ја научи својата ќерка (и не се за мажи) Твојот ум е твојот најсилен адут. Физичкиот изглед привлекува луѓе, но менталнат...
„Исто како Викторија Бекам, и мајка ми ја уништи мојата свадба – веќе не зборувам со неа“ „Од моментот кога сопругот ме запроси, мајка ми постојано правеше драми за свадб...
5 мажи кои може да добијат награда за сопруг на годината (а останатите да им завидуваат) „Мојот сопруг е студен како сибирски мраз, ми недостасува тоа што не покажува не...
Дали родителите треба да се прегрнуваат и бакнуваат пред своите деца? „Кога мама и тато ќе се прегрнат, детето не гледа „романтика“, туку сигурност и ...
Забавни идеи за првоаприлски маски за вашите деца (ако сте малку покреативни) Овца направена од памук, изморена мајка со бебе во кенгур, дедо/баба, диџеј, Ајн...

Најчитани неделава