Мајка секоја година ја фотографирала ќерката во свадбениот фустан за да види како расте

Една мајка решила да направи интересен спомен за својата ќерка, секоја година на нејзиниот роденден ја фотографирала во фустанот кој таа го носела за нејзината свадба.

majka-sekoja-godina-ja-fotografirala-kjerkata-vo-svadbeniot-fustan-za-da-vidi-kako-raste-01.jpg

Бренди Јироус е мајка на 14-годишниот Рајан и 12-годишната Алисон.

majka-sekoja-godina-ja-fotografirala-kjerkata-vo-svadbeniot-fustan-za-da-vidi-kako-raste-1.jpg

Таа објаснува дека кога била бремена со Рајан прочитала во списание дека убав спомен и начин на мерење на тоа колку секоја година расте детето е да го фотографирате во парче облека од родителот.

Па, тоа го правела за нејзиниот син Рајан - секоја година го фотографирала во стар пар фармерки од неговиот татко.

majka-sekoja-godina-ja-fotografirala-kjerkata-vo-svadbeniot-fustan-za-da-vidi-kako-raste-2.jpg

Кога останала бремена со Алисон, одлучила дека истото ќе го прави и за неа, но наместо стари фармерки, за нејзината ќерка го употребила нејзиниот свадбен фустан.

Па секоја година, по раѓањето, Алисон позирала во фустанот на својата мајка.

Јироус вели дека фотографиите ѝ помагаат да ги забележи суптилните промени во своите деца и како, од година во година, тие изгледаат поинаку.

Во еден момент кога прерамките од фустанот веќе не ѝ паѓале на Алисон, си рекла: „Ти навистина порасна...“.

Бренди вели дека овие фотографии ѝ помогнале да ја согледа трансформацијата на Алисон од симпатично девојче во прекрасна млада девојка.

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Лежев болна деновиве, маж ми ги презеде сите обврски со децата - сфатив колку добро сум избрала“ „Овие денови бев болна. Потполно нефункционална - не паметам кога последен пат м...
„Дознав дека девојка ми има 7 деца, а не едно како што ми кажа“: Мрачни тајни кои луѓе ги кријат од ... „Една година бевме во врска. Ме запозна со неговите пријатели, со сестра му. Но,...
Тешки вистини со кои секој родител треба да се соочи, според наставници „На детето од прво одделение не му треба смартфон. Престанете да ги користите ек...
„Бев хеликоптер родител кој сака да контролира сè – им ги пренесов стравот и анксиозноста на децата“ „Ми требаа многу години да се ослободам од мојот невротичен начин на воспитување...
10 совети како да израснете независни деца (ќе ви бидат благодарни еден ден) Поттикнете ги да преземат предизвици, дури и кога постои реална можност за неусп...
Хит видео: Како е да се биде мајка на девојчиња vs. мајка на момчиња? И додека мајката на девојчиња како модна икона смирено парадира со своите малечк...

Најчитани неделава