Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


10-те најчести детски прашања и нивните точни одговори кои дури и возрасните не ги знаат

Нашите деца светот го гледаат со други очи. Ништо не може да им избега од вниманието, а нивната љубопитност нема граници.

10-odgovori-na-prashanjata-koi-gi-dobivame-od-decata-01.jpg

Децата постојано поставуваат прашања и очекуваат од родителите инстантно да им ги договорат. Но, многу често, нивните прашања и ние не ги знаеме.

Еве неколку примери:

Зошто водата врие?

Кога водата се загрева, молекулите започнуваат да се движат побрзо и да се оддалечуваат една од друга. Во еден момент толку се оддалечени што се претвораат во пареа. Процесот се нарекува Испарување.

10-odgovori-na-prashanjata-koi-gi-dobivame-od-decata-1.jpg

Што ги држи авионите во воздух?

Како еден Boeing-747 од 162 тона не паѓа од небото? Силата која дејствува се нарекува сила на подем која настанува кога воздухот симултано се движи под и над крилата на авионот. Воздухот над крилата се движи побрзо и прави помал притисок. Истовремено, погустиот воздух под крилата на авионот го подигнуваат авионот на нагоре. Колку е поголема брзината на авионот, толку е поголема сила на подем.

10-odgovori-na-prashanjata-koi-gi-dobivame-od-decata2.jpg

Зошто снегот е бел?

Секоја снегулка, ако ја гледате одвоено е безбојна и транспарентна. Но, зошто тогаш снегот е бел? Кога снегулките формираат голема маса, тие ја прекршуваат (рефракција) и рефлектираат сончевата светлина која е бела.

10-odgovori-na-prashanjata-koi-gi-dobivame-od-decata-3.jpg

Зошто човечката коса природно не може да биде сина?

Човечката коса содржи пигменти кои можат да направат да изгледа црна, кафеава, жолта или црвена. Нашата коса, исто така, содржи и мали меурчиња од воздух кои заедно со пигментот ја одредуваат бојата на косата. Од можните пигменти во нашата коса, не можеме да добиеме зелена или сина боја.

10-odgovori-na-prashanjata-koi-gi-dobivame-od-decata-4.jpg

Зошто астронаутите лебдат во вселената?

Спротивно на тоа што мислат повеќето луѓе, астронаутите кои се наоѓаат на Интернационалната вселенска станица, не се слободни од гравитацијата на Земјата. Гравитацијата на Земјата влијае на сите објекти во орбитата. Што се однесува до бестежинската состојба, таа се јавува, бидејќи станицата и астронаутите кои се наоѓаат во неа паѓаат кон Земјата со брзина од 7.9 km/s, но големата височина прави ова паѓање да биде постојано. Како објектот постојано да не успева да падне на површината на нашата планета и наместо тоа, лета околу неа. Замислете си лифт кој паѓа од врвот на облакодер. Личноста која ќе се најде во него ќе искуси моментална бестежинска состојба. Астронаутите го искусуваат истото, но не моментално, туку постојано.

10-odgovori-na-prashanjata-koi-gi-dobivame-od-decata-5.jpg

Зошто небото е сино?

Како што сончевите зраци навлегуваат во нашата атмосфера, истите се расфрлаат и прекршуваат. Сончевите зраци се бели, но кога се одвојуваат во седумте бои на виножитото. Бидејќи сината боја е порасфрлена од останатите, таа доминира на небесната палета. Но, небото никогаш не е идеално сино, поради тоа што и другите бои од спектарот се присутни.

10-odgovori-na-prashanjata-koi-gi-dobivame-od-decata6.jpg

Што ја предизвикува маглата?

Маглата се состои од илјадници ситни водени капки или кристали од мраз кои лебдат во воздухот. Маглата се формира кога воздухот е студен, а земјата топла или обратно. И во двата случаи, густ слој на водена пареа или честички мраз се појавуваат и рашируваат на површината.

10-odgovori-na-prashanjata-koi-gi-dobivame-od-decata-7.jpg

Зошто водата не гори?

Водата се формира како резултат на хемиска реакција кога водородот оксидира под дејство на кислородот и се произведува топлина. Водата веќе се има ослободено од таа топлина и не е во состојба да гори под природни услови.

10-odgovori-na-prashanjata-koi-gi-dobivame-od-decata-8.jpg

Зошто стрелките на часовникот се движат надесно?

Пред да бидат измислени механичките часовници, луѓето користеле гномони или сончеви часовници. Кога движењето на сонцето прави сенки на овие часовници, тие се движат од лево кон десно. А, механичките часовници ја наследиле оваа „традиција“.

10-odgovori-na-prashanjata-koi-gi-dobivame-od-decata-9.jpg

Зошто тркалото има кружна форма?

Округлата форма е совршена за тркалање на рамни површини, бидејќи сите точки се подеднакво оддалечени од оската која останува на иста височина од површината на земјата. Ова го има покажано и едно 8-годишно дете, Димитри Тарусов, кое со лего коцки направило различни форми на тркала и покажало која е најоптимална.

10-odgovori-na-prashanjata-koi-gi-dobivame-od-decata-10.jpg

Светот е полн со мали мистерии кои дури и најмалите можат и сакаат да ги откријат, а на нас ни останува да го следиме примерот на најмалите.

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Низ илустрации: Како да ја воспитате ќерката за да биде независна и одговорна личност? Научете ја уште од најмали нозе да се грижи за себе и за сопствените обврски, до...
10 докази дека секоја генерација има свој уникатен шарм и вредности, низ илустрации Нашите родители се гордеат што цел живот работеле во иста компанија - денес такв...
13 совети од родителите што ги разбираме дури откако ќе пораснеме, низ илустрации Во тинејџерските години секој совет од родителите низ звучи како непријателски н...
Знаци дека сте растеле во дисфункционално семејство (и не сте биле свесни за тоа) Родителите ве казнувале со молчење и ве притискале да бидете совршени. Родите...
„Јас сум мајка која зјапа во телефон во паркот, додека нејзините деца си играат“ Јас сум, исто така, мајка која е со своите деца по цел ден. И мајка која се труд...
7 најчести грешки кои ги прават родителите дури и без да забележат Дури и да ви делуваат смешни детските проблеми, во нивната глава тие се огромни ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg