Образованието на децата не треба да започне со математика или хемија, туку со музика

Покрај себе имаме неверојатни деца - внимателни, паметни и чувствителни. Еден ден ги носиме на училиште и се препуштаме на формалното образование да го доврши нивното воспитување. А, што понатаму откако ќе завршат матура? Факултет?

obrazovanieto-na-decata-ne-treba-da-zapocne-so-matematika-ili-hemija-tuku-muzika-01.jpg

Но, што не е во ред со ова? Денешното образование се концентрира на математиката, компјутерите и јазиците, а многу малку ја поттикнува креативноста преку музиката и литературата.

Токму затоа, наша одговорност е да се погрижиме креативноста со која се раѓаат нашите деца да не умре таму, туку сами да се погрижиме и понатаму во животот да ја негуваат.

Онака како што се посветуваме на математиката, историјата, географијата, биологијата и секој друг предмет кој има за цел да ја изгради рационалноста кај децата, така подеднакво треба да се посветиме и на десната хемисфера.

На музика, посебно.

Ако сакате вашите деца да ги направат своите први чекори кон Нобелова награда, започнете го нивното образование, не со математика или хемија. Започнете го со музика.

Тоа што Ајнштајн многу често, на фотографиите, го гледаме со виолина покрај себе не е без причина, односно случајност.

Музиката отвора нов поглед кон светот, сосема поинаков од оној кој го добиваме со формалното образование.

Културата доаѓа пред сè.

Сè друго само ќе си дојде.

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Татко од Велес со моќна објава: „Сине, цел ми е да те научам на сè што знам - за да не ти требам по... „На син ми му велам: Знаеш ли која е мојата главна цел во животот со тебе? - Кој...
5 знаци дека имате токсичен однос со свекрвата (и како да го поправите) Постојано слушате суптилни замерки, а и честопати се споредува со вас со цел да ...
Свекрва се жали: „Снаата ми се јави 8 пати во 2 часа додека ѝ го чував бебето - ѝ го вратив“ Имам еден син, Марко. Оженет е со Нина и имаат бебе. Никогаш не сум криела дека ...
Што треба детето да знае пред да тргне во училиште (а не се букви и броеви)? Дете кое ги знае сите букви, но не умее да почека одмор за да јаде, да каже дека...
„Мирно е, но некогаш осамено“: Луѓе кои одлучиле да немаат деца откриваат каков им е животот по 40-т... „Некои денови се чувствувам среќно, а некои по малку осамено. Но, главно чувству...
„Почнав да го мразам сопругот откако добивме дете – неговиот живот си продолжи, а јас морав да се от... „Беше јасно дека само поради неговиот пол, неговиот живот ќе продолжи непрекинат...

Најчитани неделава