Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Колку се важни друштвените игри за развојот на детето?

Секое дете барем еднаш во животот се сретнало со друштвените игри. Без разлика на тоа дали станува збор за „Не лути се човече“ или некоја друга покомплексна игра, важно е да имате на ум дека истата многу позитивно влијае на развојот на детето.

kolku-se-vazni-drushtvenite-igri-za-razvojot-na-deteto-01.jpg

Факт е дека играњето на друштвени игри може многу да им помогне на децата при развивањето на когнитивните способности, посебно при брзината на заклучување.

Зошто е многу важно секогаш со децата да играте друштвени игри?

1. Развивање на критичкото размислување

Како детето расте, така се развива неговото мислење и погледот на светот. При тој развој, друштвените игри и те како можат да бидат од корист. За време на играта, кога детето ќе се најде пред одреден проблем, ќе се обиде да го реши. На почетокот вие ќе бидете тие кои ќе му помагаат, но со текот на времето, детето ќе научи рационално да ги решава проблемите со кои се соочува. Некои велат дека можат да го покачат дури и коефициентот на интелигенција.

2. Самостојност

Иако се работи за игра во која играат неколку членови, сепак, секој играч е самостоен играч кој одлучува за своите потези. Така, токму преку тие самостојни потези детето ќе научи само да се снаоѓа во реалните ситуации.

3. Тимска работа

Ако одберете игра во која се прави група од неколку играчи, детето ќе ја научи важноста на меѓусебната соработка, но и како да создава компромис со луѓето околу себе. Играта е наједноставен начин како да го научите вашето дете да соработува со луѓето околу себе.

4. Победувањето - Дали навистина е важно?

На малите деца често им се попушта, но веќе во 5-та година полека треба секое дете да се навикнува дека постојаното победување во реалниот живот - едноставно е невозможно. Секако, ваквите промени не би требало да ги воведете во играта премногу брзо и по поразите би требало постојано да го прашувате детето како се чувствува, за да се научи и да ги прифаќа истите.

5. Читање

При играњето, често се појавуваат натписи на картички или на површината на која се одвива играта, а соиграчите најчесто го читаат текстот на детето. Тука големи се шансите детето да започне да препознава букви и броеви, па дури и целината да ја препознава. Истото важи и за броевите и основните математички задачи кои можат да се научат од картите.

Би можело да ве интересира:

11 застарени правила за воспитување на кои денес се смееме Нова облека се купува само ако ја скинеш старата, а децата што биле слаби се сме...
„Вратата од собата на мојот син тинејџер постојано е затворена - неговиот свет има ѕидови за мене и ... Невидлива сум за него, осаменичко е чувството за имате дете тинејџер... Поминаа ...
„Им љубоморам на моите деца – имаат поубаво и полесно детство од моето“ „Кога бев дете, секое саботно утро ми беше жртвувано – морав да ја косам тревата...
„35 години сум во брак - за што се каам и што би направила поинаку?“ Многу жени сфаќаат дека некои работи во бракот би ги направиле поинаку ако имаат...
30 животни совети што секој родител треба да им ги даде на своите деца „Запомни дека предметите нема да ти донесат среќна, туку луѓето“ - е еден од мно...
Што е екранизам кај децата и кои се првите симптоми? Децата коишто страдаат од екранизам потешко го учат мајчиниот јазик, тешко се вк...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg