3 совети од преговарач во заложнички кризи: Како да ги натерате децата да ги послушаат вашите наредби?

Навистина не е лесно да ги натерате децата да ги соберат растурените играчки од подот или пак да ви помогнат за поедноставните домашни обврски.

3-soveti-od-pregovarac-vo-zaloznicki-krizi-kako-da-gi-naterate-decata-da-gi-poslusaat-vasite-naredbi-001.jpg

Но, сепак постојат тактики и трикови со кои може да влијаете врз вашите деца и многу полесно и без расправии тие да го исполнат тоа што сте го побарале од нив.

Ќерката на еден преговарач во заложнички кризи, објаснува како татко ѝ секогаш знаел да постапи многу поинаку и таа без никаков проблем ги извршувала неговите заповеди.

Години подоцна, кога и таа веќе имала свои деца, ова се советите кои тој ѝ ги дал кога е во прашање воспитувањето на децата:

1. Секогаш бидете фини и љубезни

„На луѓето секогаш им е тешко да бидат злобни со некој кој е толку фин и љубезен со нив“ – објаснува тој. Кога барате од некого да изврши некаква непријатна задача, направете го тоа со насмевка. Смирувачкиот и пријатен глас ќе наиде на многу подобар прием од непријатниот и нападен глас.

2. Формулирајте ги наредбите како барања

Луѓето не сакаат кога некој им наредува што да прават. Кога преговарачите сакаат да ја натераат личноста која држи луѓе во заложништво да соработува, тие љубезно ја замолуваат истата да поразговараат за проблемот. Ако сакате вашата ќерка тинејџерка да ја исчисти нејзината соба, одвреме-навреме споменувајте ѝ дека собата и е малку несредена и прашајте дали има време да го среди тоа.

Кога нешто сакате да биде направено, барањето првично секогаш наидува на отпор. „Во таков случај потребно е да најдете некоја заедничка средина или компромис. Па така барањето за чистење на собата може да биде – „Штом завршиш со чистењето на собата ќе одиме на сладолед.“

3. Вежбајте активно слушање

Активното слушање е клучен предуслов кога дискутирате со некого.

Синот бара од вас да оди кај некој другар пред да го искоси тревникот? Не го прекинувајте. Ислушајте го неговото објаснување и спротивставете се на желбата веднаш да го изнесете своето несогласување.

„Убедете го синот дека внимателно слушате што има да каже и дека сте на негова страна. После ова преговарањето ќе биде многу полесно и поедноставно ќе го свртите во насока на исполнување на вашата цел.“

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„10 причини зошто животот ми е многу поубав без деца“ – Жена предизвика онлајн дебата „Како што моите пријателки почнаа да стапуваат во брак и да добиваат деца, стану...
„Мирно е, но некогаш осамено“: Луѓе кои одлучиле да немаат деца откриваат каков им е животот по 40-т... „Некои денови се чувствувам среќно, а некои по малку осамено. Но, главно чувству...
„Готвев, чистев и одев на работа, a маж ми само си уживаше – побарав развод по 23 години ’среќен‘ бр... „Кога се присетувам на динамиката во нашата врска низ годините, се запрепастувам...
14 носталгични докази дека мајките во минатото и денес се како „небо и земја“, низ илустрации Зборувањето за менструацијата било речиси табу, а многу девојки ги криеле своите...
„Знам во иднина ќе плачам за овие денови кои се многу гласни - домот ми е хаос и ме боли глава од ‘м... „Денес понекогаш ми треба тишина. Но, еден ден… куќата навистина ќе биде тивка. ...
Емотивни исповеди: „Мајка ми и татко ми останаа во брак заради мене – животот ми беше пекол“ „Моите родители останаа во брак заради нас, децата. Сега имаат 80 години, уште с...

Најчитани неделава