Кога детето е подготвено да ја дознае вистината за Дедо Мраз?

„Биди добар/а и ќе добиеш подарок од Дедо Мраз!“, колку пати во животот сте ја слушнале оваа реченица?

Strucnjacite-sovetuvaat-Koga-deteto-e-spremno-da-ja-doznae-vistinata-za-Dedo-Mraz-01

Сепак со текот на времето доаѓа момент кога треба да се соочите со вистината.

Многу родители сметаат дека нема потреба тие да им ја соопштат вистината за Дедо Мраз на нивните деца бидејќи порано или подоцна тие ќе ја сфатат и самите.

Сепак, ако се одлучите вие да им го соопштите тоа еве кога е вистинското време за тоа.

Едно истражување спроведено на Универзитетот во Тексас покажало дека околу 70% од децата на 3-годишна возраст веруваат во Дедо Мраз.

Со оглед на тоа што 5-годишниците подобро ја разбираат смислата на подарувањето и празничната магија, воопшто не зачудува податокот што дури 83% од нив веруваат во Дедо Мраз.

Оваа бројка започнува да опаѓа како децата полека наближуваат кон 7 години.

Истражувањето покажало дека само 30% од 9-годишниците веруваат во постоењето на овој дедо.

Заради тоа стручњаците советуваат дека најдобро време за соопштување на вистината за Дедо Мраз е меѓу 7 и 9 години.

Тие, исто така, додаваат дека најдобар момент за тоа е кога децата и сами прашуваат, бидејќи тоа значи дека се подготвени да ја прифатат вистината. Детето кое не е подготвено, во секој случај ќе го игнорира вашето објаснување.

Според едно истражување спроведено во Велика Британија децата уште на 6 години ја дознаваат вистината за Дедо Мраз, но не го признаваат тоа пред родителите, и глумат изненаденост од новогодишните подароци.

Сè почесто се случува децата гуглајќи по интернет да ја дознаат вистината за Дедо Мраз. Секако тоа се должи на времето во кое живееме и пристапот на децата до интернет. Исто така големо влијание има дали детето има постари браќа или сестри кои веројатно ќе му ја откријат вистината многу пред вас.

М. С. | Црнобело 

Би можело да ве интересира:

Што треба детето да знае пред да тргне во училиште (а не се букви и броеви)? Дете кое ги знае сите букви, но не умее да почека одмор за да јаде, да каже дека...
„Дознав дека девојка ми има 7 деца, а не едно како што ми кажа“: Мрачни тајни кои луѓе ги кријат од ... „Една година бевме во врска. Ме запозна со неговите пријатели, со сестра му. Но,...
Тешки вистини со кои секој родител треба да се соочи, според наставници „На детето од прво одделение не му треба смартфон. Престанете да ги користите ек...
14 носталгични докази дека мајките во минатото и денес се како „небо и земја“, низ илустрации Зборувањето за менструацијата било речиси табу, а многу девојки ги криеле своите...
„Си дадов отказ од функцијата директорка за да бидам продавачка - само за да имам повеќе време со де... „Работев од 8 до 18 часот, често имав и повици во текот на денот и ноќта. Не мож...
Емотивни исповеди: „Мајка ми и татко ми останаа во брак заради мене – животот ми беше пекол“ „Моите родители останаа во брак заради нас, децата. Сега имаат 80 години, уште с...

Најчитани неделава