Слобода на избор, практична настава: 8 позитивни страни на американските училишта

Тие со помош на училишниот систем се учат на борбеност, снаодливост и одлучност.

sloboda-na-izbor-praktichna-nastava-8-pozitivni-strani-na-amerikanskite-uchilishta-01.jpg

Училиштето не е само место каде што се учи, туку и место каде што се формира личноста.

Образовниот систем на Американците кај нас го бие лош глас, но тој има и многу позитивни страни во обликување на личноста кај детето.

Во секој ученик се буди желбата за постигнување на успех во иднина.

Зошто децата од училиштата во САД се подготвени да го освојат светот:

Слобода на избор

Американските ученици учат да носат одлуки и да прават избори уште од најрана возраст.

Во училиштата има неколку задолжителни предмети, а останатите се изборни во зависност од интересите на личноста. Секој ученик има свој распоред и нема цврсто утврдени одделенија.

Оптимистички поглед на иднината

Децата ги учат дека нивната благосостојба во животот нема да зависи од избраната професија или занает во иднина, туку од нивниот успех во таа конкретна област.

Не значи дека ако сте банкар по автоматизам ќе бидете богати и успешни. Вие ако сте добар автомеханичар може да работите на највисоко ниво и да живеете во благосостојба.

sloboda-na-izbor-praktichna-nastava-8-pozitivni-strani-na-amerikanskite-uchilishta-02.jpg

Кредитен систем

Учениците постојано добиваат поени – кредити, кои ги носат на наредно ниво во образованието.

Најуспешните постигнуваат сè со помош на своите способности и посветеност, па наместо да ја трошат заштедата на своите родители, тие добиваат стипендија за на колеџ.

Постојано нови лица

Секоја година учениците имаат часови со други ученици и професори и на тој начин се учат да се адаптираат на нов тим и да се чувствуваат комфорно притоа.

Оваа вештина е многу корисна подоцна во текот на животот.

sloboda-na-izbor-praktichna-nastava-8-pozitivni-strani-na-amerikanskite-uchilishta-04.jpg

Независност

Американските ученици не ги гледаат своите учители како авторитет, туку како придружник во нивното образование. Неопходна е соработка со нив за максимални резултати.

Уште од детството децата се учат на независност, а училиштата константно организираат екскурзии и летни кампови за да придонесат за тоа.

Активно образование

Целта на американското образование е да изгради личност со многу интереси.

Учениците се вклучени во разни социјални проекти, одат на спорт, дел се од хуманитарни настани, драмски секции, дебатни клубови итн.

sloboda-na-izbor-praktichna-nastava-8-pozitivni-strani-na-amerikanskite-uchilishta-06.jpg

Малку домашна задача

Во американските училишта има малку домашна задача.

Најчесто учениците заедно прават повторување на тоа што научиле во текот на денот преку креативни проекти во училишната библиотека.

Учење низ практика

Учениците не учат теоретски правила и поезија на памет. Поголемиот дел од предметите им наложуваат учење низ практика.

Тие спроведуваат истражувања, смислуваат проекти, прават лабораториска работа во групи. Така, секој ученик сфаќа зошто му е потребно одредено знаење и како да го примени во животот.

sloboda-na-izbor-praktichna-nastava-8-pozitivni-strani-na-amerikanskite-uchilishta-07.jpg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

6 лекции на кои секоја мајка треба да ја научи својата ќерка (и не се за мажи) Твојот ум е твојот најсилен адут. Физичкиот изглед привлекува луѓе, но менталнат...
14 носталгични докази дека мајките во минатото и денес се како „небо и земја“, низ илустрации Зборувањето за менструацијата било речиси табу, а многу девојки ги криеле своите...
„10 причини зошто животот ми е многу поубав без деца“ – Жена предизвика онлајн дебата „Како што моите пријателки почнаа да стапуваат во брак и да добиваат деца, стану...
Би сакала еден ден мојот син за мене да каже: „Викаше многу, не готвеше сјајно, но го сакаше животот... „Мајка ми се трудеше секој ден да знам дека сум сакан, без разлика што (не)права...
Децата не знаат за предрасуди, ги учат од нас Кога ќе се родиме, ние сме најчистите суштества на планетата. Родени од љубов и ...
„Готвев, чистев и одев на работа, a маж ми само си уживаше – побарав развод по 23 години ’среќен‘ бр... „Кога се присетувам на динамиката во нашата врска низ годините, се запрепастувам...

Најчитани неделава