4 карактеристики кои децата ги наследуваат само од татковците

Убав на мајка, паметен...исто на мама? Не. Околу одредени нешта, везден може да се води полемика помеѓу двата пола. Меѓутоа, за четири специфични, сепак, најзаслужна е токму посилната половина.

4-karakteristiki-koi-decata-gi-nasleduvaat-samo-od-tatkovcite-1.png

Децата се вистинско мало чудо, зар не? Тие претставуваат минијатурна верзија на своите родители. А, најзаслужни се гените.

4-karakteristiki-koi-decata-gi-nasleduvaat-samo-od-tatkovcite-2.png

И додека по игра на случајот, одредени работи ќе ги наследат од мајката, постојат четири карактеристики, коишто зависат првенствено од таткото. Така барем тврдат истражувачите.

4-karakteristiki-koi-decata-gi-nasleduvaat-samo-od-tatkovcite-3.jpg

Еве кои се тие:

1. Полот

Во моментот кога сперматозоидот ќе ја оплоди јајце клетката, се одредува полот на бебето. Плодот од својата мајка секогаш го наследува Х хромозомот, додека, пак, од таткото може да наследи Х или Y хромозом, во зависност од тоа каков генетски материјал носи сперматозоидот што прв ќе ја оплоди јајце клетката.

Ако при оплодувањето на јајце клетката се создаде зигот кој ќе поседува два икс хромозоми (ХХ), тогаш плодот ќе биде од женски пол. Доколку, пак, зиготот има XY хромозоми, плодот ќе биде од машки пол.

Значи, плодот го добива полот, зависно од тоа дали сперматозоидот кој ќе ја оплоди јајце клетката ќе носи Х или Y хромозом. Оттука, слободно може да се каже дека татковците се главни „виновници“ за полот на детето.

4-karakteristiki-koi-decata-gi-nasleduvaat-samo-od-tatkovcite-4.jpg

2. Рефлексното кивање поради светлина

Ако секојпат кога ќе погледнете во запалена сијалица, или, пак, кон сонцето ви се јавува потреба да кивнете, тоа најверојатно сте го наследиле од таткото.

„Апчиха“ феноменот при кој луѓето киваат штом се изложени на ненадејна силна светлина, се претпоставува дека засегнува од 18 до 35 проценти на светската популација.

А, како најодговорни за ваквиот рефлекс се наведуваат токму гените.

4-karakteristiki-koi-decata-gi-nasleduvaat-samo-od-tatkovcite-5.jpg

3. Отпечатокот од прстите

Отпечатоците од прстите се една од најуникатните карактеристики, по кои секој човек се разликува од останатите луѓе. Тие се специфични, односно нешто кое е потполно единствено, па не постојат две единки со идентични отпечатоци.

Сепак, тие на децата ќе бидат послични на отпечатоците од татковците, одошто на мајките.

Иако детето нема во целост да ги наследи татковите отпечатоци, тоа може да наследи одредени линии кои се појавуваат во отпечатокот од прстот на таткото. 

4-karakteristiki-koi-decata-gi-nasleduvaat-samo-od-tatkovcite-6.jpg

4. Далтонизам

Далтонизмот е ретко нарушување, кое претставува неможност за разликување на некои или на сите бои.

Слепилото за бои се јавува главно кај мажите. Зафатени се приближно 5% од светската популација, а 20 пати e повообичаен кај машкиот, отколку кај женскиот пол.

Mнозинството природно го носат генетскиот дефект во себе, па најчесто го пренесуваат и на своето потомство.

4-karakteristiki-koi-decata-gi-nasleduvaat-samo-od-tatkovcite-7.jpg

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Што треба детето да знае пред да тргне во училиште (а не се букви и броеви)? Дете кое ги знае сите букви, но не умее да почека одмор за да јаде, да каже дека...
14 носталгични докази дека мајките во минатото и денес се како „небо и земја“, низ илустрации Зборувањето за менструацијата било речиси табу, а многу девојки ги криеле своите...
Би сакала еден ден мојот син за мене да каже: „Викаше многу, не готвеше сјајно, но го сакаше животот... „Мајка ми се трудеше секој ден да знам дека сум сакан, без разлика што (не)права...
Никица Ацева расте 2 мали деца во Германија: „Двапати се породив во иста болница тука, често плачат ... „Промената од 1 на 2 деца беше потешка, отколку од 0 на 1, како што и очекував. ...
„Се оддалечив од мајка ми поради сопругот, како Бруклин Бекам – уште жалам што не ѝ кажав дека ја са... „Кога мајка ми почина од рак на белите дробови, силно ја прегрнав и ѝ се извинив...
Како да реагирате кога вашето мало дете ќе ве удри во бес? Често се случува по втората година децата во бес кога нема да добијат нешто да г...

Најчитани неделава