Запознајте ја мајката што гo дои детето додека практикува јога (фото)

Таа е мајка на три деца и со помош на јогата доењето си ги претворила во едно забавно релаксирачко искуство.

zapoznajte-ja-majkata-shto-go-doi-deteto-dodeka-praktikuva-joga-foto-01.jpg

Карли Бенар од Тексас има три деца, на возраст од 1 ипол година, 4 години и 6 години. Таа не оди на работа и е мајка со полно работно време.

Почнала со јога кога започнала да страда од постнатална депресија, по раѓањето на првото дете. Тогаш одлучила да проба нешто ново и да се обиде позитивно да влијае на своето ментално здравје за наредните бремености и породувања.

Карли е неверојатно флексибилна, а интересните фотографии од јога позите што ги прикачува на социјалните мрежи направија да има дури 62.000 следбеници на нејзиниот Инстаграм профил.

Нејзините деца често вежбаат со неа, се разбира во рамките на нивните можности, а најмалото дури и цица додека Карли прави јога пози.

Таа вели дека доењето сега ѝ станало една забавна авантура и дека јогата ја ослободува од сите стресови.

Некои луѓе ја критикуваат Карли, додека други ја поддржуваат. Што мислите вие за нејзиниот начин за справување со мајчинските обврски?

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„10 причини зошто животот ми е многу поубав без деца“ – Жена предизвика онлајн дебата „Како што моите пријателки почнаа да стапуваат во брак и да добиваат деца, стану...
„Се оддалечив од мајка ми поради сопругот, како Бруклин Бекам – уште жалам што не ѝ кажав дека ја са... „Кога мајка ми почина од рак на белите дробови, силно ја прегрнав и ѝ се извинив...
6 лекции на кои секоја мајка треба да ја научи својата ќерка (и не се за мажи) Твојот ум е твојот најсилен адут. Физичкиот изглед привлекува луѓе, но менталнат...
Мајка од Србија со моќна порака: „Среќно дете не е тивко и мирно дете – 7 работи кои е нормално да г... 1.Зборува само со себе додека си игра. 2. Се однесува будалесто и пее измислени ...
„Се откажав од старателството над син ми – го гледам само 6 дена месечно и сум подобра мајка“ „Никој не вели ништо ако таткото минува само шест дена месечно со неговото дете....
„Дознав дека девојка ми има 7 деца, а не едно како што ми кажа“: Мрачни тајни кои луѓе ги кријат од ... „Една година бевме во врска. Ме запозна со неговите пријатели, со сестра му. Но,...

Најчитани неделава