Совети за жени: Како да ја сочувате плодноста до 40-тите години?

Можеби сè уште не се гледате како мајка, можеби не сте материјално подготвени за дете или едноставно не сте го нашле партнерот со кој сакате да создадете семејство – без оглед која е причината, сепак има жени кои подоцна во животот се остваруваат во улогата на мајки.

soveti-za-zeni-kako-da-ja-socuvate-plodnosta-do-40-tite-godini-001.jpg

Секако дека сте свесни дека со годините плодноста се намалува, а над 35-тата година тој е за 22% поголем отколку во претходните години.

Годините и биолошкиот часовник не можете да ги промените, но затоа можете да вметнете поздрави навики во секојдневието кои ќе ви помогнат да ја сочувате плодноста уште неколку години.

Ако мислите да имате дете во наредните 5 години, важно е да го посетите вашиот гинеколог токму сега, денес и да откриете дали имате здравствени проблеми кои може да ја отежнат бременоста.

Физичката активност е исклучително важна за плодноста. Активирајте се физички, но не претерувајте со заморување.

Оралната хигиена е исто така еден од поважните фактори. Крварењето од непцата, воспаленијата и кариесот може да се поврзани со плодноста. Секојдневно користете паста, четка за заби, конец и вода за плакнење на устата.

Практикувајте сигурен, заштитен секс кој ќе спречи секакви болести, бактерии и инфекции. Тие во иднина може да ги искомплицираат работите и да предизвикаат неплодност.

Откажете се од цигарите и консумирајте кофеин во умерени дози.

Земајте мултивитамини, посебно Б комплекс. Фолната киселина ја подобрува плодноста и ја стимулира овулацијата.

Железото е уште една важна компонента која треба да ја консумирате секојдневно.

Во исхраната нека доминираат свежите плодови, овошјето и зеленчукот, а со тоа и тежината нека не ви варира премногу, односно обидете се да ја пронајдете златната тежина и да се придржувате до неа.

Намалете ја изложеноста на хемикалии и токсини колку повеќе можете.

Најдете начини и активности кои ви носат баланс во секојдневието и ве ослободуваат од стресот.

Следете го вашито менструален циклус и грижете се тој да биде уреден. Ако забележувате било каква промена во исцедокот, задолжително посетете лекар без одложување.

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Мајка од Србија со моќна порака: „Среќно дете не е тивко и мирно дете – 7 работи кои е нормално да г... 1.Зборува само со себе додека си игра. 2. Се однесува будалесто и пее измислени ...
„Дознав дека девојка ми има 7 деца, а не едно како што ми кажа“: Мрачни тајни кои луѓе ги кријат од ... „Една година бевме во врска. Ме запозна со неговите пријатели, со сестра му. Но,...
Пар од Македонија, кој живее во Виена, доби шесто дете: „Најмалата ќерка се роди пред 3 дена, благос... „Имаме шест деца кои се на возраст од 13, 11, 6 и 4 години, едно дете од година ...
Што да правите ако вашето дете е насилник и малтретира други деца? Иако е тешко да признаете дека вашето дете е насилник, не заборавајте дека ова н...
„Имам 3 деца и едно ми е омилено, како на секоја мајка – тие што негираат, лажат“ „Едно од најголемите табуа кај родителите ее да признаат дека имаат омилено дете...
„Се откажав од старателството над син ми – го гледам само 6 дена месечно и сум подобра мајка“ „Никој не вели ништо ако таткото минува само шест дена месечно со неговото дете....

Најчитани неделава