Хумористичен приказ од една мајка за маките по бременоста
„Во ред е што немате „совршено“ тело, вие сепак сте убава мајка“, порачува позитивната Мег Богс.
Мег Богс е мајка која открива дека качила многу килограми во текот на бременоста и сега и е навистина тешко да ги симне. Но, вели дека тоа и не ја изненадило толку многу, колку што ја изненадила осудата од околината.
Вели дека постојано добива замерки што не се вратила во форма и затоа преку фотографии на својот Инстаграм профил сака да испрати доза позитивност до сите мајки што се соочуваат со истиот проблем.
Мајчинството на моменти е магично, но на моменти екстремно тешко и Мег затоа смета дека мајките треба да се поддржуваат меѓусебно.
Нејзините фотки и пораки ќе внесат светлина во вашиот ден:
Во ред е да имате голема цел, дури и кога ви изгледа навистина далечна.
Во ред е да имате потреба од миг, од тој еден миг кога длабоко ќе воздивнете.
Во ред е што немате „совршено“ тело, вие сепак сте убава мајка.
Не е важно што ве мачат стриите од бременоста, вие сепак сте силна мајка.
Во ред е што на моменти борбата со обврските ви изгледа претешка.
Во ред е што сè уште не совладавте како да правите баланс помеѓу мајчинските обврски и вежбањето.
Во ред е и ако доите природно и ако го храните бебето со вештачко млеко, сторивте сè што можевте.
Во ред е ако стомакот не ви изгледа совршено по бременоста.
И на крајот од денот, во ред е да се смеете за тоа, понекогаш смеата е најдобриот лек.
Би можело да ве интересира:





