Совети од наставничка: Кои се најлошите услуги што може да му ги направите на детето?

„Разбирам дека сакате да им го овозможите најсреќниот можен живот на сопствените деца. Не сакате да ги видите повредени, фрустрирани или поразени. Меѓутоа, кога тие ќе преминат во светот на возрасните, веќе ништо нема да биде исто. А, многу полесно ќе се соочат со реалноста, доколку родителите престанат да ги прават овие нешта за нив.“

soveti-od-nastavnichka-koi-se-najloshite-uslugi-shto-mozhe-da-mu-gi-napravite-na-deteto-2.png

Вака го започнува текстот една наставничка во училиште, која  и самата е мајка. Таа ги сподели четирите грешки што родителите најчесто ги повторуваат, предизвикувајќи му огромна штета на нивното дете. Посебно во периодот на основното образование:

„Низ годините сретнав деца со секакви карактери. Од оние што ги следат правилата и надминуваат очекувањата, па до тие што се проблематични и сосема потфрлаат. По запознавањето со родителите, не бев изненадена зошто е така. Сѐ ви станува јасно.“

soveti-od-nastavnichka-koi-se-najloshite-uslugi-shto-mozhe-da-mu-gi-napravite-na-deteto-3.jpg

А, ова се најлошите услуги што може да му ги направите на детето:

1. Да смислувате изговори како би гo оправдале

Децата мора да научат дека природно е да сносат последици во животот. Кога сме возрасни, нам ни е ова добро познато. Ако не ја си вршам работата, нема долго да останам вработена. 

soveti-od-nastavnichka-koi-se-najloshite-uslugi-shto-mozhe-da-mu-gi-napravite-na-deteto-4.jpg

Истото важи и за децата. Доколку заборават, или, пак, намерно не ја напишат домашната задача, тие ќе добијат лоша оценка. Не му се обраќајте на наставникот, молејќи го да направи отстапка. Не измислувајте приказни за да му објасните зошто вашето дете нема домашна. Така го учите дека дури и ако ги избегнува обврските, тоа и понатаму ќе биде наградено, исто како да си ја завршило работата. Вистинскиот свет не функционира на овој начин.

На шефот нема да му биде гајле за пораката или телефонскиот повик од мајка ви, колку и да таа ве оправдува зошто дента не ви се одело на работа. Па, не треба ни на учителот на вашите деца. Да, тешко е како родител да гледате дека детето ви е несреќно, но во тој момент на „несреќа“, всушност учи доживотна лекција.

soveti-od-nastavnichka-koi-se-najloshite-uslugi-shto-mozhe-da-mu-gi-napravite-na-deteto-5.jpg

Откако ќе биде казнето, убедена сум дека наредниот пат добро ќе размисли пред да ја повтори истата грешка.

2. Да правите сѐ за детето

„Наставничке, може ли да ми ја заврзеш патиката?“, „Мама не ми ја ставила папката во ранец.“, „Тоалетната хартија на училиште не е доволно мека. Може ли да ја викнам мајка ми да донесе друга?“. Да, сето ова го имам слушнато од учениците. Врзувањето на чевлите не е голема работа и е очекувана – ако се во градинка. 

soveti-od-nastavnichka-koi-se-najloshite-uslugi-shto-mozhe-da-mu-gi-napravite-na-deteto-6.jpg

Денот на вашето дете во училиште се сведува на повеќечасовна рутина. Правилата се учат од првиот ден, а повеќе или помалку, истите се следат до последниот ден. Потоа, наредната година сѐ почнува одново итн. Не гледам причина зошто не би го научиле и очекувале да се придржува до одредена рутина и дома. Ова ќе му биде од полза и на школо, учејќи го да стане одговорно за себеси.

Знаете ли зошто не во ред вие да го спакувате школскиот ранец на детето? Можеби заштедува време наутро, но тоа ниту ќе знае што има внатре, ни што каде се наоѓа. Ќе си мисли дека ранецот му е како торбата на Мери Попинс, па сѐ што е потребно, магично ќе се појави. Оставете ги децата сами да си го подготват ранецот. Така ќе бидат посвесни што навистина им треба, а ќе се научат и на одговорност при спремањето. Би излегле ли вие од дома, понесувајќи чанта што детето ја стокмило за вас? Сигурно не.

soveti-od-nastavnichka-koi-se-najloshite-uslugi-shto-mozhe-da-mu-gi-napravite-na-deteto-7.jpg

Ова важи и за мајките кои се однесуваат како куќни помошнички, па постојано се позади своето дете, собирајќи ги предметите што тоа никако не сфаќа дека ги испуштило на подот, превртело и направило неред. Во училишната кантина забележувам два типа на деца: оние што го оставаат ѓубрето без никакви обѕири, како и оние што покрај сопственото, го собираат и ѓубрето од другарчињата. Причината е очигледна - едните се научени да си го исчистат нередот зад себе, а на другите не им се мајките во моментот на училиште.

3. Да очекувате признанија кои детето не ги заслужува

Не секој заслужува награда! Жал ми е. Трофеите и медалите се награди, а оној што ги добива, треба да се чувствува гордо кога ќе ги заслужи. Нагласувам – заслужи!

soveti-od-nastavnichka-koi-se-najloshite-uslugi-shto-mozhe-da-mu-gi-napravite-na-deteto-8.jpg

И сами знаете. Веројатно сте стекнале покачување на платата, или, пак, унапредување преку напорна работа. Можеби вашиот соработник бил поставен на позицијата која сте ја меркале за себе, па сте одлучиле да се потрудите повеќе во следната прилика. Децата, исто така, ги учат овие лекции.

Трудот резултира со признанија и награди. Не е лесно да си го видите детето како плаче бидејќи не е „најдобро“, ама ваквото искуство му пружа вредна лекција и можност да развие план како да биде подобро наредниот пат.

soveti-od-nastavnichka-koi-se-najloshite-uslugi-shto-mozhe-da-mu-gi-napravite-na-deteto-9.jpeg

А, да бидеме искрени – каква сатисфакција е добивањето сертификати и дипломи без никаква тежина?

4. Да му носите секојдневно јадење на училиште

Имав ученици кои ниту еднаш не ручаа со одделението, затоа што целата учебна година, нивните родители им носеа посебен оброк.

soveti-od-nastavnichka-koi-se-najloshite-uslugi-shto-mozhe-da-mu-gi-napravite-na-deteto-10.jpg

Доколку детето е гладно, тогаш ќе јаде. А, што ако не? Ќе се присети на гладот во подоцнежните часови, па веќе нема да ја повторува истата грешка.

Убаво е одвреме-навреме да поминете и му донесете ужинка, како и да видите што му се случува во школските клупи. Меѓутоа, тоа што ги учите децата дека се подобри од своите соученици, бидејќи тие добиваат различна храна секој ден (дури и да не е намерно), ним само им го отежнува вклопувањето и спријателувањето со останатите.

soveti-od-nastavnichka-koi-se-najloshite-uslugi-shto-mozhe-da-mu-gi-napravite-na-deteto-11.jpg

Децата стануваат љубоморни. А, кога се љубоморни, тие умеат да бидат навистина сурови. Во основното училиште, сѐ се врти околу праведноста.

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Што треба детето да знае пред да тргне во училиште (а не се букви и броеви)? Дете кое ги знае сите букви, но не умее да почека одмор за да јаде, да каже дека...
„10 причини зошто животот ми е многу поубав без деца“ – Жена предизвика онлајн дебата „Како што моите пријателки почнаа да стапуваат во брак и да добиваат деца, стану...
Мајка од Србија со моќна порака: „Среќно дете не е тивко и мирно дете – 7 работи кои е нормално да г... 1.Зборува само со себе додека си игра. 2. Се однесува будалесто и пее измислени ...
„Се откажав од старателството над син ми – го гледам само 6 дена месечно и сум подобра мајка“ „Никој не вели ништо ако таткото минува само шест дена месечно со неговото дете....
„Се оддалечив од мајка ми поради сопругот, како Бруклин Бекам – уште жалам што не ѝ кажав дека ја са... „Кога мајка ми почина од рак на белите дробови, силно ја прегрнав и ѝ се извинив...
Како да реагирате кога вашето мало дете ќе ве удри во бес? Често се случува по втората година децата во бес кога нема да добијат нешто да г...

Најчитани неделава