Млад или стар - кога е најдобро да се стане татко?

Не е сеедно дали машкиот родител е помлад од 25 години, или, пак, постар од 51 година. Барем кога социјалниот развој на детето во прашање.

mlad-ili-star-koga-e-najdobro-da-se-stane-tatko-1.png

Хју Грант по првпат стана татко со 51 година. Алек Болдвин доби син на 59 години. Џорџ Клуни, пак, се оствари во улогата на родител на близнаци, дури откако наполни 55 години.

mlad-ili-star-koga-e-najdobro-da-se-stane-tatko-2.jpg

Научниците со децении проучуват како добата во која жената станува мајка се одразува на здравјето на детето. Што се однесува до годините на таткото, пак, дури од неодамна почнаа да се занимаваат и со оваа проблематика, доаѓајќи до неочекувани резултати.

mlad-ili-star-koga-e-najdobro-da-se-stane-tatko-3.jpg

Анализирајќи го однесувањето на 15.000 деца од 4 до 16 години, научниците откриле дека возраста на таткото при зачнувањето на бебето, има големо влијание врз понатамошниот развој на детето, поточно на неговите социјални вештини.

mlad-ili-star-koga-e-najdobro-da-se-stane-tatko-4.jpg

Фокусирајќи се на развојните образци, тимот од експерти предводен од д-р Магдалена Јанечка, забележал разлики во хиперактивноста, емоционалноста и врсничките проблеми кај децата.  Понатамошната анализа потврдила дека социјалните вештини на детето се примарно поттикнати од генетските фактори, а не животните околности.

mlad-ili-star-koga-e-najdobro-da-se-stane-tatko-5.jpg

Изненадувачки е податокот дека кај татковците под 25 години и над 51 година, постои подеднакво висок ризик детето да има проблеми со социјалниот развој, па дури и нарушувања, како што е аутизам.

mlad-ili-star-koga-e-najdobro-da-se-stane-tatko-6.jpg

Резултатите посочуваат дека децата од (пре)младите и (пре)старите татковци, првично се понапредни, покажувајќи просоцијално однесување во раното детство.

mlad-ili-star-koga-e-najdobro-da-se-stane-tatko-7.jpg

Меѓутоа, како што растат, нивниот развој се забавува, па во периодот на адолесценција, таа иста група на деца заостанува зад врсниците чии татковци се во средни години.

mlad-ili-star-koga-e-najdobro-da-se-stane-tatko-8.jpg

Како и многубројните други комплексни експерименти, така и последниот отвора повеќе прашања. Потребни се дополнителни истражувања, коишто ќе понудат поопсежна научна рамка за биолошката врска меѓу добата на родителот и споменатите ризици.

М. А. | Црнобело 

Би можело да ве интересира:

Што треба детето да знае пред да тргне во училиште (а не се букви и броеви)? Дете кое ги знае сите букви, но не умее да почека одмор за да јаде, да каже дека...
„Престанав да го терам син ми (3) да дели играчки со другите деца – што научив од ова?“ „Додека син ми плачеше откако го натерав да ја даде својата играчка на друго дет...
Моќна порака од македонска мајка: „Порано било полесно – сега титкаат групите на Вибер, бираш од как... „Не е дека било толку полесно. Ама нивниот ум, веројатно бил многу потивок. Доде...
„Тато, може да ни позајмиш 5.000 евра за свадба?“ - Дали е разумно да се задолжите за забава што тра... И јас имав голема свадба. Потрошив повеќе отколку што можев да си дозволам. Имаш...
Тешки вистини со кои секој родител треба да се соочи, според наставници „На детето од прво одделение не му треба смартфон. Престанете да ги користите ек...
Мајка од Србија со моќен потсетник за родителите кои постојано „висат“ на телефон: „Детето забележув... „Ако скролате на телефонот додека си играте со вашето дете, несвесно го терате д...

Најчитани неделава