Деца на ѕвездите кои воопшто не личат на славните родители
Генетиката е чудо. Додека едни деца изгледаат како вистинска мала копија на родителите, другите во толкава мера се разликуваат, што да не знаете дека е така, тешко би поверувале дека се нивни деца.

Истото важи и за „обичните смртници“, но познатите синови и ќерки почесто се во центарот на вниманието. Поодамна пишувавме за децата кои се како „плукнати“ на своите славни родители, односно за славните личности и нивните деца - копии на нив.

Ги погледнавме и фотките од бебињата кои личат на познатите личности, a не се во никакво крвно сродство. Меѓутоа, постојат и спротивни примери. Иако им се биолошки наследници, некои деца воопшто не наликуваат на ѕвездите. Напротив.
Тешко е да најдете сличност помеѓу овие славни родители и нивните деца:
Кајли Џенер и ќерката Сторми

Орландо Блум и синот Флин

Џенет Џексон и синот Еиса

Хејли Даф и ќерката Рајан

Бен Стилер и синот Квинлин
