Сега кога имам деца, очајно ми недостасуваат овие 50 работи

Да се има деца и да се биде во улогата на родител е навистина уникатно, прекрасно и неповторливо чувство. Ги сакаме најмногу на светот, ги галиме и пазиме и ни трепери душата за нив и при секоја најмала можна опасност.

Sega-koga-imam-deca-mi-nedostasuvaat-ovie-50-raboti-01.jpg

Сепак, вистината е дека многу работи ни недостигаат во животот, работи кои датираат пред родителската фаза.

Исповедта на една мајка прилично ги насмеа, но истовремено и ги растажи читателите. Ова е нејзиниот личен список со работите кои ѝ недостасуваат сега откако е мајка. Забележувате ли која работа најмногу се повторува во него?

Имате ли и вие ваш список?

 1. Спиење.

 2. Пари.

 3. Изгледот на телото пред да ги родам децата.

 4. Спонтаноста и слободното правење планови без многу размислување и анализа.

 5. Спиење.

 6. Луксузот да се отиде сам во тоалетот.

 7. Немањето чувство на мајчинска вина.

 8. Личен простор во кој малечки човечиња не те влечат постојано и не лазат врз тебе.

 9. Непрекинат разговор кој има смисла со друг возрасен човек.

10. Спиење.

11. Гледањето ТВ, а тоа да не се цртани филмови.

12. Шолја топло кафе која може да се испие на едно седење, без паузи.

13. Шетањето гола низ дома.

14. Купување без постојани пресметки колку чинат работите и без грижа колку ќе излезе сметката на крајот.

15. Спиење.

16. Пиењето неколку пијалаци без грижа на совест дали ќе се разбудиш во 5 часот наутро со мамурлак или со малечки дечиња кои очекуваат појадок.

17. Чувството кога по чистењето – сè останува чисто и средено многу подолго од 1 час.

18. Вечерите со излегување и забави.

19. Немокрењето после секое кивање, силна кашлица или смеење.

20. Спиење.

21. Нема туѓи телесни течности во твојата близина (каки, мочки, повраќаници и сл.).

22. Интеракција со возрасни луѓе на твоја возраст.

23. Сјајни, чисти чевли. Излегувањето на прекрасни места со прекрасни чевли.

24. Уживањето во топла бања, додека водата не се олади.

25. Спиење.

26. Излегување од дома само со паричник, телефон и клучевите.

27. Спонтан, непланиран секс.

28. Јадењето на каков и да било топол оброк.

29. Телефонски разговор кој ќе трае подолго од една и пол минута без никаков прекин.

30. Спиење.

31. Дружба со пријателите без планирање и организација еден месец порано.

32. Можноста да се види дното на корпата наменета за алишта.

33. Да се прележи грипот во кревет.

34. Книги кои немаат илустрации на страниците.

35. Спиење.

36. Одењето босоноги низ дома без папучи и стравот дека ќе се удрите од пластични играчки и лего коцки на подот.

37. Носењето одлуки без стравот како тие ќе влијаат на нечиј туѓ живот.

38. Тишина.

39. Вистински слободен ден без обврски.

40. Спиење.

41. Уживањето во оброкот додека сте во ресторан.

42. Слободно време да се прави апсолутно ништо.

43. Блескаво чист автомобил – однадвор и одвнатре.

44. Работата, па дури и некое хоби, колку и да звучи смешно или неинтересно.

45. Спиење.

46. Одморот кој навистина ќе наликува на одмор, наместо на замор.

47. Останувањето буден до доцна во ноќта и чувството дека утре ќе можете без проблем добро да се наспиете.

48. Време, енергија и разум.

49. Дружба и разговор кој не е фокусиран исклучиво на пелени, пари или распоред.

50. Спиење.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„10 причини зошто животот ми е многу поубав без деца“ – Жена предизвика онлајн дебата „Како што моите пријателки почнаа да стапуваат во брак и да добиваат деца, стану...
Смешни, тажни и емотивни работи за кои никој не ве подготвува кога ќе добиете дете, според родители „Никој не ми кажа дека со сопругот постојано ќе бидеме болни! Ќерка ни преку едн...
„Мирно е, но некогаш осамено“: Луѓе кои одлучиле да немаат деца откриваат каков им е животот по 40-т... „Некои денови се чувствувам среќно, а некои по малку осамено. Но, главно чувству...
Мајка од Србија со моќна порака: „Среќно дете не е тивко и мирно дете – 7 работи кои е нормално да г... 1.Зборува само со себе додека си игра. 2. Се однесува будалесто и пее измислени ...
„Готвев, чистев и одев на работа, a маж ми само си уживаше – побарав развод по 23 години ’среќен‘ бр... „Кога се присетувам на динамиката во нашата врска низ годините, се запрепастувам...
Емотивни исповеди: „Мајка ми и татко ми останаа во брак заради мене – животот ми беше пекол“ „Моите родители останаа во брак заради нас, децата. Сега имаат 80 години, уште с...

Најчитани неделава