„Виновна сум, цело време чекам да дојде наредната дремка на децата - сакам назад на работа“

Постојано се наметнува идејата дека жените треба да „имаат сè“ - кариера, деца, сопруг и дека тоа значи успех. Но, дали некој се прашува какви битки тие водат во душата? Една мајка проговори за тоа.

vinovna-sum-celo-vreme-chekav-da-dojde-narednata-dremka-na-decata-sakam-nazad-na-rabota-01.jpg

Вирџинија Тaп (28) испраќа апел да се намали притисокот врз жените и отворено говори за проблемите што ги имала за да се поврзе со нејзините деца.

Таа на својот блог Bush Bambinos вели дека едвај чекала да се врати на работа затоа што мајчинството било потешко од што некогаш замислувала. Комплексноста на улогата родител комплетно ја збунила. Таа постојано размислувала што се очекува од неа.

vinovna-sum-celo-vreme-chekav-da-dojde-narednata-dremka-na-decata-sakam-nazad-na-rabota-03.jpg

Вирџинија објасни дека само сакала да пие кафе на мир и да води рационални разговори со возрасни личности, без детето да вреска во позадина за бојата на неговата шолја.

vinovna-sum-celo-vreme-chekav-da-dojde-narednata-dremka-na-decata-sakam-nazad-na-rabota-06.jpg

Таа вели дека сè уште учи како да има желба да биде со нејзините деца.

„Буквално требаше да читам книги за да научам како да си играм и да се поврзам со нив“, вели таа.

vinovna-sum-celo-vreme-chekav-da-dojde-narednata-dremka-na-decata-sakam-nazad-na-rabota-04.jpg

Потребно ѝ било да научи да биде присутна во мигот на случувањата со нејзините деца, а не бескрајно да биде растргната на миењето садови, праќањето мејлови и проверувањето на социјалните мрежи.

„Ми беше здодевно со децата затоа што ми беше тешко да се поврзам со нив. Почнав да се загрижувам кога сфатив дека ми е позабавно да правам било што друго, отколку да си играм со нив. Како секогаш да ја чекав наредната дремка или времето за во кревет навечер, посакувајќи да има што помалку часови во денот кога се будни.

Понекогаш дури си го поставував прашањето – Зошто сакав да имам деца кога не сакам да си играм со нив? По само 5 минути играње криенка мене ми стануваше здодевно – искрено како на возрасен човек овие игри ми се малку бесмислени.

По една година борба одлучив да го сторам тоа што го прават поголемиот дел од мајките. Ги запишав децата во градинка и се вратив на работа. На овој начин времето што потоа го минувам со нив е поквалитетно и го ценам повеќе.“

vinovna-sum-celo-vreme-chekav-da-dojde-narednata-dremka-na-decata-sakam-nazad-na-rabota-07.jpg

Вирџинија вели дека не е совршена и сè уште се труди да пронајде баланс.

Со својата исповед сака да им даде поддршка на мајките кои не сакаат да ја запостават својата кариера дури и кога децата им се мали.

vinovna-sum-celo-vreme-chekav-da-dojde-narednata-dremka-na-decata-sakam-nazad-na-rabota-05.jpg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Никица Ацева расте 2 мали деца во Германија: „Двапати се породив во иста болница тука, често плачат ... „Промената од 1 на 2 деца беше потешка, отколку од 0 на 1, како што и очекував. ...
Свекрва се жали: „Снаата ми се јави 8 пати во 2 часа додека ѝ го чував бебето - ѝ го вратив“ Имам еден син, Марко. Оженет е со Нина и имаат бебе. Никогаш не сум криела дека ...
„10 причини зошто животот ми е многу поубав без деца“ – Жена предизвика онлајн дебата „Како што моите пријателки почнаа да стапуваат во брак и да добиваат деца, стану...
„Се оддалечив од мајка ми поради сопругот, како Бруклин Бекам – уште жалам што не ѝ кажав дека ја са... „Кога мајка ми почина од рак на белите дробови, силно ја прегрнав и ѝ се извинив...
„Дознав дека девојка ми има 7 деца, а не едно како што ми кажа“: Мрачни тајни кои луѓе ги кријат од ... „Една година бевме во врска. Ме запозна со неговите пријатели, со сестра му. Но,...
„Мирно е, но некогаш осамено“: Луѓе кои одлучиле да немаат деца откриваат каков им е животот по 40-т... „Некои денови се чувствувам среќно, а некои по малку осамено. Но, главно чувству...

Најчитани неделава