Што треба да знаете за пубертетот и како да го подготвите детето за овој период од животот?

Пубертетот е еден од оние периоди во животот кој важи за исклучително бурен и неретко стресен, па децата треба да се запознаат со она што ги чека. Затоа, треба на најдобар начин да им објасните што сѐ ќе се случи.

shto-treba-da-znaete-za-pubertetot-i-kako-da-go-podgotvite-deteto-za-ovoj-period-od-zhivotot-01.jpg

Додека трае пубертетот, кај децата се случуваат големи промени - како психички, така и физички.

Овој период може да биде мошне стресен за децата, па вие како родител треба да им помогнете полесно да го пребродат, но и да ги подготвите за она што следи.

Што треба да знаете за пубертетот и како да го подготвите вашето дете?

Подгответе ги децата навреме

Родителите знаат дека е најважно детето да има доверба во нив, а тоа можат да го постигнат само ако од самиот почеток воспостават добар однос кој се темели врз комуникација и разбирање.

Не постои вистински момент кога треба да почнете да зборувате со вашето дете за пубертетот и промените кои следат.

Веројатно, постои и можност детето да не разбере за што точно му зборувате или веќе да е запознаено со некои работи.

Веќе околу нивната 9-та година, можете суптилно да почнете да разговарате со децата. Ако, пак, забележите знаци дека пубертетот почнува и порано, не го одложувајте разговорт. 

Најважно е да објасните дека промените кои се случуваат не се страшни и дека тоа не им се случува само на нив, особено ако станува збор за телесните промени, како растењето на влакната и менструацијата.

shto-treba-da-znaete-za-pubertetot-i-kako-da-go-podgotvite-deteto-za-ovoj-period-od-zhivotot-05.jpg

Како се развиваат децата?

Се случува децата во текот на пубертетот да се соочуваат со голема криза и да се повлечат во себе затоа што мислат дека возрасните нема да ги разберат и дека е потребно сами да поминуваат низ еден од најтурбулентните периоди во животот.

Децата се преплашени, а често и засрамени.

Кај девојчињата, пубертот почнува помеѓу 8 и 13 години, а кај момчињата - помеѓу 9 и 14 години.

Имајте на ум дека секое дете е различно и пубертетот може да почне порано, но и подоцна.

Поради лачењето хормони, кај машките се јавува мутирање на гласот и почнуваат да им растат влакна, а кај девојчињата почнуваат да се појавуваат облини. Влакната се нормална појава и кај девојчињата. 

Во пубертетот почнува и првата менструација што е многу важен (но и стресен) момент во животот на секое девојче.

shto-treba-da-znaete-za-pubertetot-i-kako-da-go-podgotvite-deteto-za-ovoj-period-od-zhivotot-03.jpg

Исхраната во пубертетот

За време на пубертетот се случуваат големи физички промени, што значи на децата и тинејџерите во овој период им треба здрава храна.

Сосема нормално е да се јават промени во апетитот, како и во телесната тежина.

Генерално, осигурете се дека вашето дете ќе јаде многу овошје и зеленчук. Важно е да внесува и доволно протеини со храна како пилешко месо, јајца, јаткасти плодови и риба.

И млечните производи се добар извор на протеини, но и на калциум кој е потребен за развојот на коските.

Ако вашето дете има вишок килограми, немојте да го притискате да ослаби, а уште помалку да го критикувате неговиот изглед.

Овој лош пристап може да создаде погрешна слика за неговото тело и подоцна да биде причина за нарушувања во исхраната.

Кога станува збор за исхрана и вишок килограми, разговорот со експерт е секогаш најдобро решение ако не сте сигурни за вашиот пристап.

shto-treba-da-znaete-za-pubertetot-i-kako-da-go-podgotvite-deteto-za-ovoj-period-od-zhivotot-04.jpg

М. П. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Што треба детето да знае пред да тргне во училиште (а не се букви и броеви)? Дете кое ги знае сите букви, но не умее да почека одмор за да јаде, да каже дека...
„10 причини зошто животот ми е многу поубав без деца“ – Жена предизвика онлајн дебата „Како што моите пријателки почнаа да стапуваат во брак и да добиваат деца, стану...
„Готвев, чистев и одев на работа, a маж ми само си уживаше – побарав развод по 23 години ’среќен‘ бр... „Кога се присетувам на динамиката во нашата врска низ годините, се запрепастувам...
Емотивни исповеди: „Мајка ми и татко ми останаа во брак заради мене – животот ми беше пекол“ „Моите родители останаа во брак заради нас, децата. Сега имаат 80 години, уште с...
Дали родителите треба да се прегрнуваат и бакнуваат пред своите деца? „Кога мама и тато ќе се прегрнат, детето не гледа „романтика“, туку сигурност и ...
„Се оддалечив од мајка ми поради сопругот, како Бруклин Бекам – уште жалам што не ѝ кажав дека ја са... „Кога мајка ми почина од рак на белите дробови, силно ја прегрнав и ѝ се извинив...

Најчитани неделава